
Не сме сосема сигурни дека сокот или чајот од брусница може да ве излекува од циститис, но ги спречува бактериите да се закачат во уринарниот тракт.
Циститисот се појавил кај многу жени барем еднаш во животот и секако има шанса да се појави повторно. Но, како да бидете сигурни дека нема да се појави повторно?
Што може да направите за да ја спречите појавата?
Најпрво, циститис е инфекција на мочниот меур. Неговите симптоми се често мокрење проследена со остра болка. Некои жени ќе го искусат само еднаш во животот, но други го имаат 4 до 5 пати во годината.
Како да се справите со него?
Избегнувајте употреба на тампони и секс
Додека ги чувствувате симптомите на циститисот, препорачливо е да не практикувате секс, ниту, да употребувате тампони, од причина што на тој начин бактериите ги туркате нагоре и само ја влошувате ситуацијата.
Сода бикарбонат
Со една мала кафена лажица ставете сода бикарбонат во чаша. Растворете ја со вода и испијте. Таа ќе ви биде сосема доволно и барем делумно ќе го спречи повторното појавување на циститисот.
Брусница
Не сме сосема сигурни дека сокот или чајот од брусница може да ве излекува од циститис, но ги спречува бактериите да се закачат во уринарниот тракт.
Погрижете се сокот од брусница да има ниско количество шеќер и најмалку 25% вистинска брусница. Од овој рецепт треба да пиете по една чаша дневно.
Доколку не сакате да пиете чај, можете да земете капсули од брусница кои може да ги најдете во било која аптека или продавница за здрава исхрана.
Вода
Пиењето вода помага при миењето на уринарниот систем. Кога ќе ги почувствувате првите симптоми, веднаш испијте половина литар вода. По 20 минути напијте се уште половина литар и правете го ова три часа.
Избегнувајте алкохол и пијалаци со кофеин
Честото пиење алкохол или пак пијалаци кои содржат кофеин можат да бидат опасни за вас. Овие пијалаци можат да ве дехидрираат, а тоа не ви е потребно затоа што имате циститис.
.gif)






















.gif)























