
Секогаш мокрете се додека не го испразните мочниот меур до крај. Исто така, не чекајте тој повторно целосно да се наполни.
Што е тоа циститис?
Циститисот е најчесто инфекција на мочниот меур, но доколку би го прашале вашиот доктор за дефиниција тој ќе ви каже дека терминот за циститис исто така ги покрива и сите оние инфекции и иритации кои му се случуваат на уринарниот систем.
Сигурно веќе ги знаете симптомите, а тоа се постојаната и честа појава за мокрење, а нивното мокрење е проследено со остра болка.
Некои од вас можеби го имале само еднаш, некои биле доволно среќни да немале никаков симптом, а некои го имале повеќе пати во текот на годината.
Доколку веќе еднаш сте го имале, како да бидете сигурни дека никогаш повторно нема да се појави?
Секојдневно пијте многу вода, околу 1,5 литар. Исто така, задолжително на дневната листа да ви биде и една чаша чај или сок од брусница, секако со вистинска брусница.
Кога се туширате, користете нови крпи и внимавајте да бидете чисти пред и по секој сексуален однос. Користете лубриканти за да не го оштетите делот кој бил инфициран со циститис.
Избегнувајте капење во полна када, користење парфимирани крпи или марамчиња за бришење, како и пудра.
Секогаш мокрете се додека не го испразните мочниот меур до крај. Исто така, не чекајте тој повторно целосно да се наполни.
Секако, симптомите на циститис не секогаш значат дека имате циститис. Ако се сомневате за што се работи, побарајте совет од матичниот гинеколог. Прегледот е добра причина не само за откривање на појава на циститис, но исто така и на некоја сексуално пренослива болест или друга инфекција.
Исто така, доколку прв пат ви се појави циститис, а неговите симптоми не се подобрат за 24 часа, се чувствувате полошо, имате треска, болки во 'рбетот или пак забележите крв во урината, веднаш јавете се кај својот лекар.
.gif)






















.gif)























