
Недоволното количество на магнезиум во организмот може да биде причина за појава на грчеви во нозете и мускулите, болки во нозете, проблеми со мочниот меур, несоница, главоболки и постојано чувство на умор.
Ви се случува ли да се вратите од работа преморени и тоа чувство да не ве напушти во текот на целиот ден?
Да не можете да излезете со пријателките и да се забавувате само поради тоа што ви се спие, изгледате многу уморно и имате болки?
Што треба да направите за да престане да постои чувството на умор и изгледот да го подобрите?
Што ви треба?
Железо.
Зошто?
На телото му е потребно железо за да произведува црвени крвни зрнца. Овие зрнца содржат хемоглобин, протеин одговорен за распределбата на кислородот низ крвта.
Кога не внесувате доволно железо, хемоглобинот ви е на ниско ниво, крвта нема толку многу кислород и затоа имате помалку енергија.
Најмногу железо се губи од крвта кога имате менструација. Доколку во тој период на менструалниот циклус не јадете црвено месо, тогаш со сигурност ќе имате дефицит на железо во крвта.
Што ви е потребно за да зрачите со здравје?
Магнезиум.
Зошто?
Недоволното количество на магнезиум во организмот може да биде причина за појава на грчеви во нозете и мускулите, болки во нозете, проблеми со мочниот меур, несоница, главоболки и постојано чувство на умор.
Овој минерал е потребен за речиси сите процеси во организмот. Потребни се за здравјето на коските, за чување на нервниот систем и за подобра работа на мускулите.
Доколку не консумирате доволно магнезиум во организмот, тогаш постојано ќе се чувствувате уморно, без разлика што и да правите за да исчезне тоа чувство.
Што треба да консумирате?
Иако многу витамини содржат магнезиум, не сите ја нудат секојдневната количина на магнезиум што треба да се внесе во организмот, а таа треба да изнесува 400mg дневно.
Затоа, консултирајте се со матичниот лекар кои витамини треба да ги консумирате што ќе ви ја понудат дневната доза на магнезиум.
Предупредување
Доколку сте имале некакви проблеми со црниот дроб, тогаш консултирајте се со лекарот, пред да започнете да користите било какви апчиња.
.gif)






















.gif)























