
Единствено решение за оваа деформација може да биде естетската хирургија, но секако и таа има свои предности и недостатоци.
10 % од женската популација ја има оваа таканаречена деформација, а исклучок не се ни мажите, особено оние со прекумерна телесна тежина.
Но, не треба да се грижите затоа што не претставуваат закана за здравјето и се сосема нормална појава. Секако треба да ги знаете деталите околу оваа деформација за да не влијае на вашиот сексуален и социјален живот.
Што се подразбира под повлечени гради и дали се тие опасни?
Оваа појава кај најголемиот број жени, се манифестира на тој начин што брадавиците се истакнати од 5 до 10 милиметри. Повлечените брадавици, пак, се насочени навнатре, односно, кога не реагираат на сексуалната возбуда, се создаваат мали дупчиња. За време на сексуална возбуда тие се менуваат по големина и може да се манифестира или на едната или на двете дојки наеднаш.
Деформацијата се забележува во пубертет кога телото се развива, оформува и менува. Тие не се опасни и нема соодветен лек за нив. Единствено може да постои опасност доколку ненадејно се повлечат брадавиците. Во тој случај може да се работи за некоја болест, најчесто рак.
Како може да се лекува оваа деформација?
Единствено решение за оваа деформација може да биде естетската хирургија, но секако и таа има свои предности и недостатоци. По операцијата, пациентите имаат мали отоци и болки на местото, чувство на напнатост, но за брзо време исчезнуваат.
Негативни страни од овој зафат е губењето на чувството за допир во тој дел од градите. Овие последици можат да бидат трајни, а таквите брадавици можат да се вратат, но тоа досега се случило само во мал број од случаите.
„Можам ли да бидам нормална, ако брадавиците ми се повлечени?"
Секако дека да. Ваквите гради не треба да бидат причина за да ја загубите самодовербата, да се срамите од себе и да бидете целосно несигурна во секој потег што ќе го направите, вез разлика дали е на љубовно поле.
Исто така, тие не треба да бидат пречка за секс бидејќи се сосема нормална појава. Од голема помош ќе бидат и комплиментите од вашиот партнер за тоа како изгледаат вашите гради. Слушајќи ги тие зборови од него, ќе ви се врати самодовербата за брзо време.
.gif)






















.gif)























