
Вообичаените дамки кои се појавуваат низ целото тело како последица од пушењето. Но, дамките во усната шуплина можат да предизвикаат појава на рак.
Понекогаш се случува да пушиме цигари поради друштвото, со утринското кафе, по ручекот... Секако, убаво ви легнува цигарата, но не сфаќаме дека има голема штета врз нашето здравје. Да, запознаени сме со негативните влијанија, но едноставно не им обрнуваме внимание на нив.
Повеќе не ги забележуваме дури ни оние одвратни слики на кутиите, а камоли пак натписите.
Затоа, време е да престанете да пушите. Кои симптоми се знак дека навистина треба да ги откажете цигарите?
Многу лесно спиете
Никотинот, кој се наоѓа во организмот, делува врз нервниот систем и влијае врз способноста за длабок сон со што пушачите помалку и многу лесно спијат.
Кожата не изгледа како порано
Кожата кај пушачите нема сјај, делува нездраво и е претерано сува. Оваа појава не се забележува кај непушачите.
Циркулацијата ви е слаба
Никотинот од цигарите влијае врз крвните садови и капиларите при што го отежнува протокот на крв, а со тоа и до намалување на циркулацијата низ целото тело.
Добивате дамки по целото тело
Вообичаените дамки кои се појавуваат низ целото тело како последица од пушењето. Но, дамките во усната шуплина можат да предизвикаат појава на рак.
Често кашлате
Кога некој ќе започне да пуши, белите дробови му се почувствителни на воспаленија и иритации. Затоа, тие можат да започнат да кашлаат и со текот на времето, таа кашлица да стане се поинтензивно.
Ослабен ви е имунитетот
Кога пушачите ќе се разболат, многу потешко можат да се излечат поради тоа што штетните состојки од цигарите го намалува имунитетот.
.gif)






















.gif)























