
Во 10 проценти од случаите се јавува стерилитет и кај машкото и кај женското, додека пак во 10 проценти не е откриена причината.
Зар не би сакале заедно со љубовта на својот живот да имате многу дечиња и секој ден да ја слушате нивната смеа...Но за жал работите некогаш и не испаѓаат така како што сте планирале. Стерилитетот знае значително да им го измени текот на животните настани и да ве одведе во сосем непознат правец, далеку од очекуван и посакуван. Дури ја има моќта да ја разниша и најсреќната двојка која до вчера беше неразделна.
Причини за стерилитет
Појавата на стерилитет најчесто се случува како резултат на повеќе фактори кај двајцата партнери. Постојат 7, 8 групи фактори кои со заеднички сили ја намалуваат веројатноста за успешно оплодување. Имаме група на инфективни фактори, ендокрини, хормонски и имунолошки нарушувања.
Основно нарушување кај жените е минливоста на јајцеводите, анатомски или најчесто стекнат поради инфекции кои поминале незабележано, а направиле сериозна штета.
Хормонските нарушувања пак влијаат на процесот на формирање на репродуктивната клетка како и на цела низа настани кои се важни за нејзиниот развој.
Превентива
Прераното започнување со сексуални односи, како и промената на многу сексуални партнери, кој е драстично зголемен за разлика од пред 20 години, влијаеа на зачестената појава на полово преносливи болести. Со правилна контрацепција и безбеден секс може да се спречи пренесувањето на инфекции кои резултираат со стерилитет. Сексуалната едукација и земањето примероци од половите органи може да ги открие симптомите на инфекцијата во почетна фаза која може навремено да се третира.
Влијание на возраста
Со текот на годините моќта за оплодување се намалува, за од 35-тата да почне значително да опаѓа, во 40-тите е веќе намалена, а од 45-тата е исклучително мала и се јавуваат дополнителни компликации во текот на бременоста.
Статистика
Според истражувањата 1 од 6 парови е стерилен. Женскиот стерилитет се јавува во 40 проценти од случаите, исто како и машкиот. Во 10 проценти од случаите се јавува стерилитет и кај машкото и кај женското, додека пак во 10 проценти не е откриена причината.
.gif)






















.gif)























