
„Џвакање мед со саќе 1 месец пред и во текот на сезоната помага против алергијата“.
Месец Март е најпогодна почва за почеток на вашиот овогодишен хорор, за повторна појава на вашата алергија на респираторните патишта. Затоа ќе го крстиме месецот на кивање, насолзени очи и потешкотии во дишењето. Вашиот имун систем реагира на внесената алергиска супстанца- полен со производство на хистамин.
Симптоми
Симптомите не се многу опасни, но затоа се непријатни и иритирачки. Тие се нарекуваат алергиски ринитис и фарингитис. Алергијата на полен се манифестира со:
-воспалена носна слузница, со појава на оток и црвенило и лачење на големо количество слуз
-воспалена слузница на грлото и мекото непце
-солзење на очите
-промени на кожата
Во ретки случаи може да дојде и до појава на поинтензивни симптоми, како што е на пример астмата.
Занимливости:
-Според истражувањето направено во болницата Сато, во Јапонија, научниците докажаа дека страсното бакнување од половина час помага против алергијата од полен со намалување на лачењето на хистаминот, кој ја предизвикува алергијата.
-Симптомите на алергиите се менуваат во зависност од концентрацијата на полен во воздухот која е најголема во раните пролетни утрински часови кога имаме и најголемо цутење зависно од месецот на:
Март-брест, топола, бреза
Април-топола и орев
Мај-бор и храст
Јуни-поленот од липата и тревата
Август-поленот од слезот и тревата
Септември-тревите и папратите
Октомври-тивките папрати
-„Џвакање мед со саќе 1 месец пред и во текот на сезоната помага против алергијата"- велат многумина кој го имаат овој проблем.
Третман
Не постои конкретен третман за алергијата од полен, но постојат медикаменти за олеснување на симптомите и имунотерапија со инекции, нормално препишани од стручно лице.
Корисни совети: избегнување на утрата, носење на заштитна маска во сончевите и ветровити денови, земање годишен одмор во период кога има најмалку полен и заминување на морските брегови, примена на филтри за воздух за намалување на концентрацијата на полен во домот, избегнување на други иританти како инсектицидни спрејови или чад од цигари.
Домашни совети за ублажување на алергијата: пролетно чистење со заштита, редовно перење на прекривките и перниците, чист воздух- чиста клима, внимателно со декларацијата на средствата за лична хигиена т.е. нивните состојки, чиста бања, подалеку од косена трева и пред секакво земање на лекови консултација со лекар.
.gif)






















.gif)























