vezba35 тајни на супер мотивираните
Внесете забава во фитнесот, одете на вашето среќно место и не престанувајте да експериментирате.
potene1Решение за прекумерното потење!
Во нормални околности човек излачува 6 литри пот дневно, носете облека од памук и лен!
joga_naslovna10 јога-вежби за по дома
Правилната изведба не може да биде успешна од првпат. Дајте им време на мускулите да се приспособат.
sanСлабејте без диета
Основното правило на исхраната гласи дека последниот оброк треба да ви биде 4 часа пред спиење.

Домашни лекови за воспалено грло

grlo3

Во случај на постојани напади на ларингит, консултирајте се со стручњак како да го користите ефикасно гласот, а да не ги напрегате гласните жици.

Повторно таа иритирачка појава, која знае да ве извади од кожа неколку пати во текот на годината. Засипнатиот глас што може дури и да се изгуби и кашлањето се резултат на настинка, напрегање на гласните жици или вдишување на чад.

Причини за појава

Хроничното воспаление на грло може да биде предизвикано од пушење, претерано консумирање алкохол, од чести повраќања како кај булимија итн.

Воспаление на грлото (фарингитис) може да биде предизвикано од вирусна инфекција, со дехидрација, со напрегање на гласните жици и викање или да е еден од првите симптоми на други инфективни болести. Исто така може да биде резултат од инфекција, воспаление или зголемување на крајниците.

Едноставното воспаление на грлото најдобро се лекува со домашни лекови, кои неретко се многу поефикасни од оние кои ќе ви ги препише докторот.

Домашни лекови

Најдобар пријател на грлото е водата. Многу е важно секој ден покрај останатите напивки да пиете 4 до 6 чаши вода. Еден од најблаготворните лекови е топла вода со лажичка мед и сок од половина лимон.

Исто така добро е да имате тегла мед во која е додадено околу половина главица лук, бидејќи лажичка или две од оваа смеша неколку пати на ден ќе помогне кај фарингитис и кај ларингитис.

Тенок памучен пешкир натопен во студена вода и исцеден, завиткан околу вратот и грлото, се држи 20 минути 3 пати дневно.

Кога имате акутно воспаление на грлото, особено ако е пропратено со температура, интензивно земање овошје и овошен сок ќе го зголемат имунитетот и ќе обезбедат хранливи состојки што го лекуваат грипот, а се неопходни и за слузницата во грлото.

Пијте многу сок од ананас и лимон, растворени во вода.

Јадете доста авокадо заедно со секакво егзотично овошје, како што се ананас, папаја и манго.

Ако ви се пропишани антибиотици, обидете се да земате свеж јогурт, за да ја задржите цревната флора.

Во случај на постојани напади на ларингит, консултирајте се со стручњак како да го користите ефикасно гласот, а да не ги напрегате гласните жици. Исто така користете смирувачки, јаки и антисептички растенија за плакнење на устата како жалфија, рузмарин, мајчина душичка и ехинацеа.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?