
За да го зајакнете имунитетот земајте капсули од лук.
Ако афтата ви се јавува редовно на исто место, можно е да е предизвикана од стрес или проблеми со забите. Често е предизвикана од некоја повреда (гризнување на усна или внатрешен дел од устата, од протези кои што не одговараат добро или од врв на заб што пречи), а може да се јават и без некоја посебна причина. Многу ретко можат да бидат индикатори на проблеми со целиот дигестивен систем.
Домашни лекови
Устата плакнете ја со чаеви од жалфија, рузмарин, невен, листови од малина, каранфилче и камилица.
За да го зајакнете имунитетот земајте капсули од лук.
Појавата на афти често е предизвикана од стрес и затоа многу е важно да се зема храна богата со витамини од групата Б. Треба да јадете пченични никулци, пивски квасец, житарици и интегрален леб.
Избегнувајте ја храната што може да ја оштети слузницата во устата, вклучувајќи многу солена како што е чипс, оцет, туршија, феферони и премногу лут кари.
Исто така мирисната смола може да ви помогне во намалувањето на болката и инфекцијата како и нејзиното ширење. Ставете 2 капки од миризливата смола во 5 милилитри вотка, а потоа тоа втријте го на афтата. Оваа смеша исто така може да се стави во малку топла вода и да се користи за плакнење на устата.
.gif)






















.gif)























