
Од синдром на хроничен замор страдаат повеќе од 1 милион луѓе само во САД, додека 10 милиони луѓе се соочуваат со симптоми на замор.
Синдромот на хроничен умор е комплексно нарушување кое не се лекува со постојано одморање и спиење, а одредени физички и ментални активности само ја влошуваат состојбата. Луѓето стануваат неспособни за работа, се чувствуваат слаби и истоштени и не можат да спијат.
Лошата вест е тоа што синдромот може да трае со години. Причините за неговата појава се уште не се дефинирани, а не постои тест со кој би се утврдил синдромот. Уморот е симптом карактеристичен за голем број болести, затоа синдромот на хроничен замор се дијагностицира откако ќе бидат исклучени сите тие болести, а тоа е долготраен и макотрпен процес.
Затоа меѓу лекарите не секогаш е прифатен како вистинска болест, бидејќи долг период бил погрешно дијагностициран како умислена болест. Дури во 1994 година од Центарот за контрола и превенција на болести во Атланта, се дефинирани критериуми за синдромот на хроничен умор.
Синдром на хроничен умор - 1 критериум
Непрекинато чувство на замор во времетраење од најмалку 6 месеци, при нормална здравствена состојба или да немате дијагностицирано никаква болест.
Синдром на хроничен умор - 2 критериум
Истовремено треба да чувствувате најмалку 4 од следните симптоми: умор во текот на најмалку шест часа, лесно покачена температура, болка во грлото, отечени и болни лимфни јазли на вратот, необјаснива слабост во мускулите, болки во мускулите , умор по телесна активност што трае подолго од 24 часа, главоболка, болка во зглобовите, когнитивни пречки, слабо паметење на настани што се случиле во скоро време, заборавеност, неможност за концентрација, депресија, пречки со спиењето.
Слични медицински состојби
Голема е бројката на болести кои имаат симптоми слични на синдромот на хроничен умор: рак, болести на срцето, ревматоиден артритис, мононуклеоза, депресија, шизофренија, булимија, слаб имунитет, хормонални нарушувања, хронични воспаленија, алкохолизам или зависност од дрога. Хроничниот замор е симптом кој генерално е поврзан се секоја од овие болести.
Дополнителни симптоми за синдромот
Во склоп на набројаните симптоми, дополнителна бројка додале пациентите кои се соочуваат со нарушувањето. Фреквенцијата на појавување на овие симптоми варира од 20% до 50% меѓу пациентите. Инаку се мисли на: болки во абдоменот, болки во градите, подуеност, хронично кашлање, дијареа, вртоглавица, суви очи и уста, болки во вилиците, намалување на телесната тежина, неправилен ритам на срцето, утринско гадење, потење во сонот, психички проблеми.
Ризик фактори
Од синдром на хроничен замор страдаат повеќе од 1 милион луѓе само во САД, додека 10 милиони луѓе се соочуваат со симптоми на замор и се уште немаат потврда дека страдаат од синдромот.
- Луѓето на било која возраст и пол.
- Синдромот ги напаѓа 4 пати повеќе жените за разлика од мажите.
- Истражувањата покажуваат дека најчесто се јавува во најактивниот период во животот (30-тите до 50-тите години).
- Иако ретко се јавува кај деца, не е исклучена можноста да се појави, особено на 10 годишна возраст.
Лекување
Општоприфатен начин за лекување на синдромот на хроничен умор нема. За ублажување на симптомите понекогаш помага умерено вежбање, мала доза на антидепресиви седативи или инхибитори неуротрансмитори на серотонинот, лекови кои го поттикнуваат имунолошкиот состав и дејствуваат антивирусно, и земање на незаситени масни киселини и високи дози на витамини и минерали.
.gif)






















.gif)























