
Да ги опуштите мускулите можете со седење на столица, во фотелја или лежејќи на креветот.
За да научите да се релаксирате, потребно е да почнете со целосно опуштање на мускулите. Да ги опуштите мускулите можете со седење на столица, во фотелја или лежејќи на креветот.
Положба за релаксација
Ако седите грбот мора да биде исправен, рбетот целосно потпрен на столицата. Нозете малку оддалечени и целосно опуштени, за да ја почувствувате нивната тежина. Рацете слободно легнати на колената, исто така опуштени и тешки. Рамената да се опираат на столицата, а главата зафрлена наназад.
Во таа положба мисловно повторувајте во себе: „Јас се одморам. Мојот мозок се одмора. Моето тело се одмора. Јас сум целосно опуштена.“
Положба за релаксација пред спиење
Пред спиење за да целосно се отпуштите можете да ја користите самосугестијата. Мисловно патувајте по целото тело од горе надолу говорејќи: „Мојот мозок е опуштен. Мускулите на главата се опуштени. Мускулите на вратот и рамената се опуштени. Јас сум целосно опуштена. Јас ништо друго не сакам, освен длабок, потполн сон. Јас се повеќе и повеќе сакам да спијам.“
Сите тешкотии и непријатности кои ви се случиле во текот на денот оставете ги настрана од спалната.
Да заспиете во возбудена состојба е исто како да си ставите отров во храната. Здрав, потполн сон е чекор кон создавање моќна нервна сила.
Како што по денот иде ноќ, по зимата пролет, така и на вашиот организам по заморот му е потребен одмор.
Стоп за стресот!
Поимот „стрес“ е неизбежен дел од вашето секојдневие. Напнатоста ја нарушува интелектуалната работа, ја отежнува циркулацијата.
Зачестениот стрес води кон депресија, ризик од дијабетес, чиреви, намалување на нивото на половите хормони и општо слабеење на имунолошкиот систем. Исто така има зголемен ризик од срцеви заболувања.
Со усвојување на оваа техника на релаксација вие ќе го отстраните притисокот од било која ситуација и ќе се нормализира работата на целиот ваш организам.
.gif)






















.gif)























