
Неретко ќе чуете интересен совет од вашата баба како апчињата да ги замените исхрана.
Неретко ќе чуете интересен совет од вашата баба како апчињата да ги замените исхрана или физичка активност која ќе ви помогне на ист начин да го спречите несаканото дејство. Дали ви се познати овие?
Ладен туш против проширени вени
Многу луѓе се жалат на болни и проширени вени особено во летниот период. Кога вените стануваат видливи, изоблочени и набрекнати обично се познати како проширени вени. Тие најчесто се јавуваат во нозете, ако се стои долго време или ако се седи долго време.
Според лекарите, тоа е затоа што вените се шират на топлина и тоа предизвикува притисок на околното ткиво поради што пациентите чувствуваат болни пулсирања во нозете. Но и на својот пат до срцето, доста е тешко крвта да се искачи нагоре по нозете. За да се спречи крвта да се врати назад, нашите вени имаат мали залистоци кои се затвараат откако крвта ќе мине низ вените. Во колку овие залистоци попуштаат, доаѓа до собирање на крв во вените, што доведува до отекување на вените и до појава на проширени вени.
На почеток проширените вени не се болни, но подоцна, со текот на време може да предизвикаат големи болки во нозете, црвенило на кожата, пропратено со чешање. Проширените вени обично создаваат чувство на замор и неудобност во нозете и лош изглед.
Брз и ладен туш е најдоброто решение бидејќи тогаш вените се собираат, а исто така полезно дејство има ако легнете и ги кренете нозете нагоре за да се ослободите од притисокот на отечените вени.
Интересен факт: 30 проценти од населението страда од проширени вени. Лекарите велат тоа е болест на денешницата и не смее да биде игнорирана.
Лажичка шеќер лекува икавица
Мајките на своите деца со години им давале лажичка шеќер кога ќе почнеле да икаат. Експертите истакнуваат дека икањето се јавува како резултат на неконтролирани грчеви во дијафрагмата, а шеќерот на одреден начин го стимулира пневмогастричниот нерв и ви помага да престанете да икате.
Се уште не се знае зошто доаѓа до икање и зошто може да се излекува дури и кога ќе го задржите здивот. Причината поради која дејствува лажичка шеќер е можеби тоа што го задржувате здивот кога ќе го голтнете шеќерот, со што моментално се запира рефлексниот грч.
Интересен факт: Човекот кој најдолго пател од оваа состојба бил Чарлс Озборн, САД, чија икавица траела 68 години, почнувајќи од 1922, па се до 1990.
.gif)






















.gif)























