
Во последно време сведоци сте на река нови лекови, но на уште поголема река нови болести.
Малку ве заболе главата, а вие повторно без размислување се напивте апче?
Треба да запомните дека изворот на здравјето лежи во здравите влијанија и здравите средства. Лековите кои всушност се отрови, не припаѓаат во факторите на животот кои носат здравје.
Природен одбранбен систем
Ако исцелителните сили во организмот човекот со ништо не ги попречува, тогаш тој ќе биде имун на многу болести. Без разлика ако во човекот се наоѓаат микроби на тифус, туберколоза, колера, куга и многубројни други болести, нема да му претставува опасност ако организмот му е малаксан, раздразнет бидејќи тие микроби коегзистираат и се борат со други микророганизми и нема да ја нападнат средината во која престојуваат, вели Кацуџо Ниши.
Затоа на вашето тело му се потребни вежбите кои ќе го отстранат заморот, ќе ги воспостават сите физиолошки процеси, ќе ја нормализираат енергетската рамнотежа во организмот и ќе го очистат на клеточно ниво.
Живејте здраво!
Светлината, воздухот, водата, храната, движењето, рационалната исхрана и психичката регулација се средства кои го отвораат патот кон самоисцелувањето. Со зголемување на протокот на кислород во клетките му помагате на вашиот организам.
Во последно време сведоци сте на река нови лекови, но на уште поголема река нови болести.
Можеби треба да се престане со беспомошно фрлање веднаш во прегратките на лекарствата, туку да тргнете од себе и во себе да го најдете лекот. Само со набљудување на симптомите ќе се дојде до вистинската причина за лошата состојба на човекот.
Започнете со самоисцелувањето со тоа што ќе одбегнувате простории кои не се проветрени, не се чисти, ќе пиете многу вода и ќе бидете физички активни.
Живејте по природните и законите на човековиот организам и на тој начин ќе бидете заштитени од прерана старост и болести.
.gif)






















.gif)























