
Идејата дека во животот не ви е потребно китење е античка. Голотијата е стара метафора која означува спиритуална отвореност.
Посветете внимание на оние аспекти од животот, кои се значајни сами по себе.
Живејте едноставно! Но едноставноста не е да го сведете животот на есенцијалното, едноставноста е да знаете зошто е животот. Ќе бидете исполнети од самите себе, а исполнетите луѓе се здрави луѓе!
Подгответе си го сопствениот оброк!
Често вашата најзначајна работа ја препуштате на други луѓе. Што е понеопходно отколку да си го приготвите својот оброк?
Кажете стоп на ресторанските оброци, брзата храна и замрзнатите оброци. Да знаете што јадете е како да знаете од каде доаѓа животот и на тој начин поинтимно ќе се поврзете со светот, храната треба да е соодветна на емотивната состојба.
Легнете си рано!
Спиењето е најважниот фактор кој го определува севкупниот квалитет на вашите денови. Многумина од вас се горди колку долго можат да издржат без спиење.
Престанете да гледате на спиењето како на изгубено време, туку како на реално време и со само еден час легнување порано, подарете си широко пространство од слики и можности кои лежат во соништата. Ќе научите дека светот започнува внатре во вас, во вашата психичка и емоционална добросостојба.
Облекувајте се едноставно!
Идејата дека во животот не ви е потребно китење е античка. Голотијата е стара метафора која означува спиритуална отвореност.
Вие не можете да си додадете ништо со она што го ставате на себе, без разлика дали тоа е облека или многуте работи кои облеката ги симболизира: моќ, привилегија престиж.
Сакајте ја вашата работа
Иако можеби ви звучи како преголемо барање, а мотив за вашето работно место ви се парите, а не љубовта кон неа, сепак запомнете советот не е „Правете го тоа што го сакате“, туку „Сакајте го тоа што го правите“.
Подобро е да ја сакате отколку да ја мразите својата работа, бидејќи на тој начин мразите и еден голем дел од својот живот.
Одете пешки!
Дали знаете што работат вашите соседи? Каде пораснале, колку браќа, сестри имаат? Колкумина од луѓето кои секојдневно ги поздравувате во влезот или во продавница, знаете како се викаат?
Започнете да пешачите, па дури и само 15-20 минути дневно, посматрајте ги луѓето, подарете им го вашето внимание, научете нешто за нив. На кратко, гледањето телевизија или седењето пред вашиот компјутер, заменете го со пешачење и повторно ќе ја почувствувате магијата на реалниот свет.
.gif)






















.gif)























