
Добрата вест за пушачите е дека ако се откажат од цигарите, кожата ќе почне самата да се поправа.
Ова е мојата последна цигара! Сигурно ви е добро познато и вам.
Пушењето цигари не е поврзано со физиолошките потреби на организмот. При самото пушење настанува сува дестилација на тутнот при што се ослободуваат никотин, катран, оцетна и мравја киселина како и многу други канцерогени и токсични супстанции.
Кај пушењето се разликуваат неколку стадиуми и тоа: задоволство со непостоење физичка зависност, стабилизација со појава на физичка зависност и со појава на апстенинцијален синдром при престанокот на пушењето, интоксикација при изразена зависност и појава на апстиненцијален синдром 40-50 минути по пушењето на последната цигара и краен стадиум кога организмот не може без цигари.
Во првиот стадиум доминира психичката зависност, а во другите 3 стадиуми доминира физичката зависност и е неопходно да се примени соодветно лекување.
Ако се откажете од пушење кај вас доаѓа до одредени промени поради недостигот на никотин:
Намалување на крвниот притисок,
Намалување на нивото на шеќер ви крвта,
Чувство на замор, раздразливост, гадење, губење на свеста, срцебиење итн.
По откажувањето останете активни за да го задржите својот дух концентриран: прошетајте, вежбајте, читајте книга или пробајте со ново хоби. И пожелно е вашиот дом да го назначите за непушчи.
Истражувања и статистики:
Резултатите од истражувањето на британските научници покажале дека пушачите кои ќе одлучат веднаш да престанат да пушат, не правејќи притоа планови за тоа како и кога да прекинат со пушењето, имаат најголеми шанси да успеат во тоа.
Според статистиката на Светската здравствена организација во светот има над 1,1 милијарда пушачи, од кои 49,8 проценти се тинејџери, а доминираат девојчињата.
Македонија го зазема второто место според бројноста на пушачи. Статистиките говорат дека во Македонија пушат околу 700.000 луѓе. Годишно се трошат 11 тони цигари или 5,5 кг тутун по глава на жител. Македонските граѓани трошат 80 денари дневно за цигари односно 2.400 денари месечно или нешто помалку од 500 евра годишно.
Мотив плус:
Добрата вест за пушачите е дека ако се откажат од цигарите, кожата ќе почне самата да се поправа. Лошата вест за оние кои не можат или не сакаат да се откажат е тоа што колку подоцна ќе го остават пушењето, толку повеќе се нанесува неповратна штета. Кејт Мос е добар пример на предвремено остарена кожа.
Чадот го исцрпува витаминот Ц од организмот, а тој е клучна компонента во производството на колаген - и доаѓа до појава на шупливи образи и збрчкана горна усна кај искусните пушачи.
.gif)






















.gif)























