
Пробајте да го сведете стресот во вашето секојдневие на минимум и да не се оптоварувате за секој проблем на патот.
Колку пати досега за некоја промена на вашиот организам сте го дале објаснувањето „на нервна база ми е“? Со постојаните нервози и фрустрации и народското „ставање на срце на секој проблем“ вие сами ја предизвикувате оваа појава.
Со долготрајното акумулирање на стресот и нервозите може да предизвикате појава на психосоматски болести. Поимот „психосоматски“ потекнува од грчките зборови “soma” што значи тело и “psyche” – душа, дух. Медитацијата и јогата можат да ви помогнат во решавање на овој проблем.
Од детски денови
Првиот јазик кој го учиме во животот е јазикот на телото – новороденчињата се чувствуваат задоволни кога се нахранети, додека гладта предизвикува непријатност, на сите ни е познато дека плачот на бебето е еден начин да се привлече внимание и да се придобие близината на мајката. Системот за варење е еден од првите патишта за комуникација, плачот и сигнализира на мајката за гладното бебенце. Кожата исто така е начин на комуникација, преку неа детето чувствува допир или стисок.
Секое новороденче се разликува по своите потреби и затоа родителите треба добро да ги наслушнуваат неговите потреби, бидејќи ако дојде до пореметување на комуникацијата веќе во првите денови или месеци на животот, се поставува основа за подоцнежни психосоматски болести.
Што се случува?
Тука имаме раздор меѓу телото и душата и потиснатост на емоциите. Оние кои најчесто го голтаат бесот или тагата, тешко поднесуваат конфликтни ситуации или немаат капацитет да ги разрешат се најподложни на психосоматски болести.
Тие не умеат со зборови да ги искажат емоциите и кога се бесни велат дека ги боли глава, стомак или дека им се повраќа. Тие страдаат и од трпнење на рацете, биење на срцето, вртоглавици и слично и несвесни дека нивните проблеми се од психолошка природа постојано се по лекари и различни ординации. Токму затоа луѓето ги доживуваат како хипохондрици.
Најчесто поминуваат од 3 до 5 години додека таквите луѓе се јават на психијатар.
Совет плус: Затоа јасно искажувајте ги своите емоции, не потиснувајте ги во себе бидејќи таму паѓаат во емоционален заборав и предизвикуваат хемиски промени во мозокот и телото. Пробајте да го сведете стресот во вашето секојдневие на минимум и да не се оптоварувате за секој проблем на патот.
.gif)






















.gif)























