
Поголемиот дел од жените сакаат да го зачуваат обликот на своите гради.
Сигурно и вие знаете многу жени кај кои е дијагностициран рак на дојката. Во Македонија годишно има најмалку 750 новодијагностицирани случаи на рак на дојка. Ракот на дојката е најчест во возрасната група од 45 до 49 години и од 55 до 59 години, но има постојана тенденција на се почеста појава и кај помладата женска популација.
Ништо не е така далеку од нас како што изгледа, затоа е добро навреме да се информирате за се и да ги самопрегледувате вашите дојки.
- Добро е да знаете на кој начин ќе ве оперираат. Поголемиот дел од жените сакаат да го зачуваат обликот на своите гради. Ако е туморот голем и ако неговото отстранување премногу ги деформира градите, тогаш лумпектомијата нема смисла. Некои жени сакаат мастектомија бидејќи така се чувствуваат посигурни од повторната појава на ракот. Иако ниту една метода не гарантира 100 проценти дека ракот нема да се поврати. Вашиот лекар треба убаво да ви ја објасни состојбата и најоптималното решение.
- Пред операцијата треба да добиете повеќе информации за тоа што се случува во текот на операцијата. Информирајте се дали ќе се изведува биопсија на заштитниот лимфен јазол. Тоа ќе го продолжи времето на наркоза, но ако се заклучи дека ракот го зафатил и лимфниот јазол, неговото отстранување ќе ја намали можноста од повторна појава на болеста. Заштитниот лимфен јазол кај ракот на дојките обично е под пазувите.
- Дознајте колку време после зафатот треба да останете во болницата. Кај лумпектомијата болницата можете да ја напуштите уште истиот ден. Без никаков срам прашајте го докторот се што ве интересира, од тоа како ќе изгледаат вашите дојки по операцијата, до дали ќе бидете способни да возите автомобил потоа и слично.
- Ако имате рак од 1 или 2 степен, лумпектомијата, после која следува зрачење еднакво е ефективна како и мастектомијата. Сепак, не донесувајте сами заклучоци, туку прашајте го вашиот доктор да ви даде совет поради специфичноста на вашиот тумор. Ако тој не ви посочи која терапија е подобра, тогаш побарајте второ мислење.
- Со помош на лекарите направете план како ќе се справите со ново настаната ситуација. Рехабилитацијата е долготраен процес, кој вклучува телесно и душевно лечење. Но мора да бидете храбри и строго да се држите за советите од вашиот доктор.
.gif)






















.gif)























