
Топлиот чај е одличен бидејќи ќе ви помогне во протокот на слуз во носот и ќе ве ослободи побргу од вирусите.
Сакале или не, и покрај тоа што се уште се чувствуваме како да сме во средина на летото со овие 37 степени надвор, сепак сезоната на есенскиот грип е веднаш зад аголот. Според Centers for Disease Control and Prevention времето да ја лансирате вашата одбрана од настинките е токму сега!
Уште денес започнете да се придржувате кон овие совети, кои сигурно ќе ви помогнат да го зајакнете својот имунитет.
Зошто да се будите истоштени со растечен нос, кивање и кашлање, кога само малку внимание е доволно за да го спречите есенскиот хорор.
Јадете топла, пилешка супа!
Пилешкото месо содржи амино киселина наречена цистеин, што го спречува воспалението на носот и ја штити носната слузница. Плус, пилешката супа содржи свеж лук и кромид кои содржат моќни состојки кои го јакнат имунитетот.
Ако веќе сте болни, тогаш топлата течност ќе ви помогне за смирување на болките во грлото.
Практикувајте млака или жешка бања!
Топлата вода и пареата ќе ви помогнат да ја поттикнете циркулацијата на крвта и лимфата, што ќе предизвика побрзо исфрлање на токсините од телото.
Пијте течности!
Топлиот чај е одличен бидејќи ќе ви помогне во протокот на слуз во носот и ќе ве ослободи побргу од вирусите.
Стоп за алкохолот!
Чаша вино за време на вечерата е во ред, но повеќе од тоа може да го загрози вашиот имун систем.
Дури и само 2 пијалака можат да го намалат производството на антитела за две третини, велат експертите.
Избегнувајте благо и газирани сокови!
Студиите открија дека 75-100 грама рафиниран шеќер или една лименка газиран сок ја намалува способноста на белите крвни зрнца да се борат со страните тела до 40 проценти.
.gif)






















.gif)























