
Ако зависите од некој друг да ви каже како да се чувствувате, тогаш значи дека не је превземате одговорноста за сопствената среќа и доверба.
Кога последен пат си упативте критика, дали тоа беше пред само неколку часа или минути?
Според една неодамнешна студија објавена во магазинот Psychology of Women Quarterly, дури 93 проценти од жените го критикуваат своето тело пред пријателите и за тоа очекуваат да добијат утешителни одговори од типот „не е точно, изгледаш прекрасно“ и слично. Но овие навидум безопасни фрази имаат моќ да ви ја разнишаат самодовербата па дури и да предизвикаат депресија, велат психолозите.
Што треба да престанете да си кажувате:
„Погледни колку ми се дебели рацете!
Ситуација: После некоја чашка вино, разговорот со вашата најдобра пријателка наеднаш се претвора во натпревар, кој си го мрази своето тело повеќе.
Следниот пат, кажете: „Дали ти кажав за новиот проект на работа? Многу ти е убава новата фризура.“ Поентата на ова е да поминете време со вашата пријателка славејќи ги вашите успеси, а не говорејќи за мааните.
„Никогаш...“ и „Секогаш...“
Ситуација: Вашиот сопруг повторно ја остава нечистата чинија од вечерата во мијалникот. Повторно и повторно.
Не размислувајте толку негативно, како тој секогаш го прави тоа односно никогаш не ја мие чинијата, тоа може да ве извади од контрола и да започнете ненадејно да врескате и да се карате за големи проблеми, како пари или родителски обврски, наместо за нечистата чинија.
Следниот пат, кажете: „Имам проблем со тоа што не ја миеш чинијата“. Објаснете му го неговото однесување на прецизен начин, кажете што точно ве нервира и набргу ќе ја средите ситуацијата.
„Кога се карате со саканите пробајте да го задржите тоа на точно одредената тема“, ве советува психологот Gillow.
„Вистинска свиња сум!
Ситуација: Се чувствувате винови затоа што изедовте цела ќесичка чипс или цело чоколадо, па го признавате тоа на вашата колешка.
Овие лични критики ви одземаат дел од самопочитта и со нивното кажување очекувате некој друг да ви даде поддршка дека не сте такви, дека тоа што го правите е нормално и слично.
Ако зависите од некој друг да ви каже како да се чувствувате, тогаш значи дека не је превземате одговорноста за сопствената среќа и доверба.
Следниот пат, кажете: „Тоа беше толку вкусно!“ Едноставно уживајте, а потоа на следниот оброк јадете нешто здраво.
Ако сфаќате дека јадете секогаш кога ви е некомфорно, како пред важен состанок на пример, тогаш освестете се за делата и одберете поинаку следниот пат. Пробајте да разговарате со најдобрата пријателка или заминете на релаксирачка прошетка.
.gif)






















.gif)























