pirs210 последици од пирсинг
Инфекцијата на брадавицата може да го оштети ткивото и да предизвика подоцнежен проблем со доењето.
glea_na_mikroskopХепатит Б
Како се пренесува, лекува и кои се симптомите на оваа болест?
lubenkaЛубеница
Совршен летен додаток за надополнување на зголемените потреби за течности и вода.
AX059283Нарушена исхрана
Денес младите луѓе имаат чуден однос со исхраната, од уживање стана порок.

Намалете го ризикот од рак во 6 чекори

rak1

Скокајте на јаже 5 минути наутро, направете прошетка од 10 минути за време на ручекот и одете на 15 минути возење со велосипед.

Застрашувачки бројки на заболени од рак го тресат светот. Почнете навреме превентивно да делувате за намалување на ризикот од оваа чума. Изгаснете ја цигарата, намалете на алкохолот, внимавајте на исхранатa и вежбајте.

Еве што ви препорачуваат експертите:

ЗОШТО?

Истражувањата покажуваат дека и пасивното пушење, па дури и чадот од цигарите на облеката или мебелот може да бидат фактор плус за заболувањето од рак.

ЗАТОА!

Поставете правило дека никој не смее да запали цигара во вашиот дом или автомобил, никогаш!

ЗОШТО?

Пиењето на премногу сечени вотки во петокот вечерта може да ви остави многу поголеми последици од неподносливиот мамурлак. Алкохолот активира одредени сигнали во ќелиите кои го забрзуваат прогресот и ширењето на ракот на градите и дебелото црево, покажа истражувањето на Rush University Medical Center.

ЗАТОА!

Вие како жена треба да се ограничите на еден алкохолен пијалак, и тоа 150 милилитри вино, 360 милилитри пиво или 45 милилитри ликер или помалку. За да си помогнете во придржувањето кон овие мерки купете си сервис од помали чаши за вино и многу мали за ликер, во кои ќе можете да мерите и кога си правите коктели.

ЗОШТО?

Околу 20 проценти од смртните случаи од рак кај жените се поврзуваат со проблематичната тежина, што може да предизвика појава на рак, но и побрза смрт од истиот.

Прекумерната тежина предизвикува вашето тело да произведува естроген, кој може да го поттикне развојот на клетките заболени со рак кај некои жени.

ЗАТОА!

Пратете ја вашата тежина благовремено! Една студија на Harvard University покажа дека возрасен човек се здебелува за околу 8 килограми во текот на 20 години. Помфритот, чипсот и слатките работи се најголемите предизвикувачи. Обрнете внимание!

ЗОШТО?

Без разлика дали пешачите, вртите хулахоп или играте како Lady Gagа, потете се секој ден! American Cancer Society препорачува најмалку 30 минути умерено или брзо одење, енергично трчање, аеробни вежби 5 или повеќе дена во неделата за намалување на ризикот од рак.

Кардио вежбите го намалуваат естрогенот, тестостеронот и нивото на инсулин, кои кога се високи се ризични фактори за рак, објаснуваат експертите.

ЗАТОА!

Направете си го забавно вежбањето! Скокајте на јаже 5 минути наутро, направете прошетка од 10 минути за време на ручекот и одете на 15 минути возење со велосипед после работа.

ЗОШТО?

Знаете дека дневната крема за заштита од сонце е задолжителна! Секоја година на околу 30.000 Американки им е дијагностициран меланом, најсмртната форма рак на кожата.

ЗАТОА!

Користете крема со заштитен фактор 30 секое утро и ако сте изложени директно на сонце обновувајте ја на секои 2 часа.

ЗОШТО?

Слободно навлечете се на јагоди! Тие ќе ви го намалат ризикот од рак. Истражувачите открија дека некои состојки во храната се борат против ракот со превенција на промените во ќелиите до стопирање на протокот на крв во клетките заболени од рак.

ЗАТОА!

Како генерално правило поставете си секој ден да изедете две шолји и половина од разновидно овошје и зеленчук, а не во вашата диета да вметнувате вештачки антиоксиданти и слично. Јадете риба и грав на пример.

Консумирањето црвено месо повеќе од 540 грама неделно го зголемува ризикот од рак на цревата или панкреасот.

Јадете цели зрна, влакната во нив помагаат потенцијално канцерогените состојки во организмот да излезат побргу од системот. Исто така пијте чај, кој содржи катехини, антиоксиданти кои го намалуваат ризикот од рак.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?