
Депресијата е сериозна медицинска состојба, но се уште се меша со обичната тага.
Атмосферата е „депресија“, партнерот ве остави, па сега сте во депресија и во ред други пригоди се почесто го употребувате овој збор, но дали го знаете неговото вистинско значење?
Преку 9 митови за депресијата ќе ве запознаеме каква е оваа медицинска состојба, кои се симптомите и која е „формулата против оваа болка“.
МИТ 1: Депресијата се победува со тешка работа.
Депресијата погодува 1 од 6 луѓе во некој период од нивниот живот, па затоа постојат многу лажни лекови и полувистини околу оваа болест. Една од нив е онаа дека ако се фрлите на работа ќе се чувствувате подобро. За благи верзии може да помогне, но депресијата е нешто сосема поинакво. Прекувременото работење може да биде знак за клиничка депресија, особено кај мажите.
МИТ 2: Не е навистина болест.
Депресијата е сериозна медицинска состојба, но се уште се меша со обичната тага. Биолошките докази за болеста може да се забележат со скенирање на мозокот, кое би покажало абнормално ниво на активности. Клучните хемикалии во мозокот кои ги пренесуваат сигналите меѓу нервите се надвор од балансот кај депримираните луѓе.
МИТ 3: Депресијата е само самосожалување.
Нашата култура се восхитува на силната волја и менталната јачина и лесно е да отфрли некој кој нема да успее како победник. Но луѓето кои имаат клиничка депресија не се мрзеливи или не се сожалуваат сами себе, ниту можат да се насочат да излезат од оваа состојба. Депресијата е медицинска болест, здравствен проблем кој се поврзува со промените во мозокот. Како и другите болести, се лекува со соодветен третман.
МИТ 4: Помошта значи лекови за живот.
Лекарствата се само едно од средствата за лекување на депресијата и ако побарате помош не значи дека ќе бидете приморани да земате лекарства. Всушност, студиите покажуваат дека терапијата со разговор функционира еднакво добро како и лекарствата. Дури и да користите антидепресиви, тоа нема да биде за цел живот, вашиот доктор ќе го одреди вистинското време за да престанете со нив.
МИТ 5: Депресивните луѓе плачат многу.
Не секогаш! Некои луѓе не плачат или не ни изгледаат нешто особено тажни кога се депресивни. Наместо тоа тие се емотивно празни и може да се чувствуваат безвредно или бескорисно. Дури и без драматични симптоми, нелекуваната депресија не им дозволува на луѓето да го живеат животот со полн здив и им одзема многу на нивните семејства.
МИТ 6: Депресијата е дел од стареењето.
Повеќето постари луѓе го прифаќаат предизвикот на стареењето без да станат депресивни при тоа. Но ако тоа се случи, може да биде незабележано. Постарите луѓе ја кријат својата тага или имаат поинакви симптоми како: храната не им е вкусна повеќе, влошени болки или проблеми со спиењето. Медицинските проблеми можат да предизвикаат депресија кај сениорите и таа го забавува процесот на заздравување од срцев удар или од некоја операција.
МИТ 7: Зборувањето ги влошува работите.
Луѓето еднаш беа советувани да не се фокусираат на проблемите со зборување за нив. Денес, има докази дека конструктивните разговори со специјалист можат многу да ги подобрат работите. Различните видови на психотерапија помагаат во лекувањето на депресијата со лоцирање на негативните мисли, несвесните чувства или проблеми со врските. Првиот чекор е консултација со професионалец за ментално здравје.
МИТ 8: Тинејџерите се несреќни по природа.
Иако многу тинејџери се со променливо расположение, раздразливи и заинтересирани за „темната“ страна, долготрајната тага и раздразливост не се нормални за тинејџерите. Кога несреќата трае повеќе од 2 седмици, тоа може да биде знак на депресија, која се јавува кај 1 од 11 тинејџери. Други знаци дека на тинејџерот можеби му е потребна помош се: константната тага и раздразливост дури и со пријателите, незадоволството од омилените активности или ненадеен пад во оцените.
МИТ 9: Депресијата е тешка за лекување.
Реалноста е дека повеќето луѓе кои превземаат активности да ја победат депресијата, навистина се чувствуваат подобро. Во голема студија од Институтот за ментално здравје во Америка е докажано дека 70 проценти од луѓето се ослободуваат од симптомите со помош на лекарства, иако можеби не секогаш со првиот обид. Други студии пак тврдат дека комбинацијата од лекарства и терапија со разговор е дури и поефективна.
.gif)






















.gif)























