
Клетките се акумулираат во вашите перници и душеци и заедно со прашината се вдомуваат и растат.
Ќе си каснете скара, потоа ќе си го отворите прозорецот да влезе чист воздух, па ќе си легнете на душекот на пладневна почивка. Вака до 101 година и назад си помислувате, но дали знаете дека токму овие 3 потези се смртни непријатели на вашето здравје?
Спиење со перница на душек
Решение: Покријте го душекот и перницата со отпорна надворешна покривка. Алергиски докажаните прекривки ги заштитуваат и превенираат ништо да не влезе или излезе од нив со што ве заштитуваат.
Исто така перете ги вашите чаршафи еднаш неделно во жешка вода.
Месо на скара
Месото на скара предизвикува создавање соединенија кои се предизвикувачи на рак (полициклични ароматични јаглеводороди - PAH и хетероциклични амини - HCA). Кога мастите капат од месото врз топлата скара ги фаќа оган и тоа предизвикува чад во PAH форма. Тоа што вам ви изгледа вкусно е всушност многу нездраво.
Решение: Ограничете го отвореното готвење со користење на фолија или пак пред готвењето ставете го месото во микробранова печка како мерка на претпазливост. Виткањето на месото во фолија со дупки ќе им овозможи на мастите да капат надвор, но намален е бројот на масти кои паѓаат на огнот и се враќаат назад.
Некои маснотии можат да бидат отстранети со микробрановата или пак со сечење на мрсните делови.
Отворање прозорци
Кога времето е убаво, многу од вас ги отвораат прозорците за да дишат свеж пролетен воздух. Но тоа можеби и не е здрав потег, со оглед на комбинацијата на сезонските алергии и слабиот квалитет на воздухот во многу градови.
Според една неодамнешна студија, дури 60 проценти од Американците дишат нездрав воздух.
Бактерии, мувла, чад од тутун, вируси, животински првут, прашина и полен се меѓу најчестите загадувачи на домаќинствата.
NotForMen препорака: Како против алергијата од полен?
Решение: Затворете го прозорецот и пуштете го клима уредот. Сите вакви системи имаат вградено филтер за да ја заштити машинската опрема ги задржува нечистотиите. Но сепак тие можат да ги задржат само големи нечистотии, слично како и правосмукалката, додека пак за да се заштитите од ситните честички треба да си набавите специјален филтер, кој го има на пазарот и е многу ефикасен.
Чистиот воздух може да му го продолжи животот на човекот за околу 5 месеци и најважно е системите за прочистување да бидат во спалната соба.
.gif)





























.gif)























