
Уште денес, исправете се, не спуштајте ги рамениците надолу, истакнете ги градите напред и светлината нека паѓа право на вас.
Најголемиот дел од денот го поминувате на вашето работно биро, со вашите колеги, кои нормално не ги избирате сами, и сите тие работни обврски пред вас. Тешко е да се носи таа маска на работното место цели 80 деноноќија, па дури на Chuck Norris не би можел да измами насмевка од вашето лице, зарем не?
Еве како да си го разубавите работниот ден:
Положба и сонце
Позицијата каде и како седите во канцеларијата влијае врз вашата кариера, тврди една неодамнешна студија. Прочитајте што советуваат експертите!
Уште денес, исправете се, не спуштајте ги рамениците надолу, истакнете ги градите напред и светлината нека паѓа право на вас.
Масажа
Направете си кратка масажа во тоалетот. Земете тениско топче, застанете до ѕидот и поставете го топчето меѓу вашиот грб и ѕидот. Тријте го вашиот грб нагоре надолу и околу топчето.
| 40% помалку напнатост со редовни масажи |
Ако имате еден час пауза тогаш веднаш заминете на професионална масажа, бидејќи редовните масажи ја намалуваат напнатоста и депресијата за 40 проценти.
Правилно дишење и затворени очи
Не ви е потребна јога за да го релаксирате умот, само исклучете го комјутерот на 2 минути или затворете ги очите.
Дишете со дијафрагмата, не со градите, собирајќи го и отпуштајќи го стомакот. Направете 3 длабоки дишења и ефектот ќе трае наредните час и половина.
Цвеќиња
Прозорците и цвеќињата во канцеларијата ќе ви го разубават работниот ден, исто така можете да ставите слики со пејсажи од природата.
Организација
Организирајте ги своите документи на десктопот во фолдери и подгответе си календар во кој ќе ги бежежите сите ваши обврски.
NotForMen препорака: Намалете ги главоболките: Совети за менаџирање со обврските
Весело биро
На вашето биро креирајте си мало патување од соништата. Ставете некоја разгледница, сувенирче и мириси кои ќе ве потсетат на одмор.
Исто така подгответе си листа со песни кои ви враќаат добри спомени.
Храна
Преку храната внесете горива за вашиот мозок. Комбинирајте добри масти и јаглехидрати. Бидејќи мозокот е 60 проценти маснотии, во фиоката од бирото чувајте си козерва риба и пакетче ореви.
Дадете ни и некој ваш совет за енергија плус во текот на работниот ден...
.gif)






















.gif)























