
Влијанието на домашното милениче како помошник при создавањето на познанства и врски е безусловно докажано.
Помислете си само како со вашето бело сијамско маче се галите на креветот или пак со слатката кафена пудла гордо се шетате и веднаш срцето забрзано ќе ви зачука. Го обожавате нивното друштво и не би се одделиле од нив за ништо на свет.
Еве неколку факти, како тие полезно влијаат на вашето здравје, кои ќе ви го зацврстат овој став, но и совети како да не му наштетувате на вашето милениче.
Набавете си домашно милениче...
Можеби ќе ви звучи неверојатно, но кучињата навистина можат да намирисаат дијабетес. Кучињата може да надушкаат кога нивото на шеќер во крвта на дијабетичарот е драстично опаднато и да алармираат со лижење и лаење да се преземе акција.
Некои кучиња дури и специјално се тренираат за да им бидат во служба на дијабетичарите. Нивниот нос за ниско ниво на шеќер во крвта е точен во 90 проценти од случаите, според нивните тренери. Миленичињата исто така ослободуваат од стрес.
Но не го бакнувајте!
Размислете дали устата на кучето е почиста од вашата? Кучињата џвакаат многу работи полни со бактерии, како салмонела. Овие организми влегуваат во устата на кучето преку јадење на расипана храна или кога го користат нивниот јазик како тоалетна хартија. Ова со бакнеж од вашиот миленик може да се пренесе врз вас и да добиете лош случај на дијареа.
NotForMen препорака: Подобро милениче отколку партнер за Валентин
Не пушете во негова близина!
Пасивното пушење го зголемува ризикот од најмалку 2 фатални вида на рак кај мачките. Домашните мачки добиваат двојна доза на токсини со вдишување на чадот од цигарите во воздухот и со лижење на остатоците врз нивното крзно.
Кучињата со долг нос добиваат канцерогени тумори на носот од живеење со газда пушач, а оние со краток нос најчесто завршуваат со рак на белите дробови.
И тоа ќе ви подари поглед на љубов.
Кога вашето куче гледа упорно во вас, тоа може да е поглед на љубов, а не само форма на просење. Кучињата можат да развијат можат чуден близок однос со сопственикот, додека ѕверењето во странец или во друго куче значи закана.
Во приказот следуваат уште 3 причини зошто е полезно да имате домашно милениче:
.gif)





























.gif)























