
Акните може да значат дека имате премногу на вашата чинија. Зголеменото ниво на хормонот на стрес, кортизолот, ја зголемува продукцијата на масло.
Ниските температури ве прават слаби пред ударот на грипот, депресијата и алергиите. Заштитете ја кожата и намалете на маснотиите. Еве како:
Удар од грип!
Патувањето со автобус може да ве разболи, доволно е само кашлањето на госпоѓата која седи до вас. Стресот исто така може да ја зголеми можноста да фатите некоја настинка. Малата влажност во студените месеци овозможува вирусите подолго да останат во воздухот и со тоа полесно да се заразите.
РЕШЕНИЕ: Јадете риба! Студијата на универзитетот во Ohio покажа дека рибиното масло ја намалува вознемиреноста за 20 проценти.
За да се одбраните од бактериите чистете ги рацете со средство за дезинфекција. Пијте многу вода и вакцинирајте се против грип. Грипот е зад аголот, делувајте веднаш!
NotForMen препорака: Храна што го лекува грипот
Удар на кожата!
Акните може да значат дека имате премногу на вашата чинија. Зголеменото ниво на хормонот на стрес, кортизолот, ја зголемува продукцијата на масло. Плус ако се опуштите со алкохолните коктели во омилениот бар, резултатот може да биде дехидратација и сува кожа. Зимскиот воздух ја суши вашата кожа однадвор и ја прави ронлива, а недостатокот на сон ви носи уште еден проблем – мрзеливост на кожата.
РЕШЕНИЕ: Победете го стресот и ненаспаноста со 10 минутна топла бања за кожата. Потоа ставете некое квалитетно средство за хидратација додека вашата кожа е уште мокра. Така тоа ќе навлезе во првите два слоја од кожата.
Пијте многу вода за да го намалите негативното дејство на алкохолот.
Удар од алергиите!
Ако во домот поставувате свежа новогодишна елка, тогаш знаете за прекрасниот мирис на ова дрво, но од него може да следуваат и не така забавните алергии. Не само од дрвото, алергии и поттикнување на астмата може да добиете и од старите весници со кои минатата година ги завиткавте лампионите за да не се искршат. Дури и непроветреното огниште на каминот може да ги иритира вашите бели дробови.
РЕШЕНИЕ: Зачувајте ја шумата и изберете вештачка елка за во домот. Лампионите пакувајте ги во пластични кутии и дрвото тргнете го бргу после празниците за да не собере многу прашина и влага.
Вештачката елка убаво избришете ја пред да ја спакувате. Заштитете се од гасовите од огништето со стакленца и користете свеќи од соја кои се помалку иритирачки.
Од депресија во студените денови патат речиси две трeтини од жените. Прочитајте како да се заштитите:
.gif)






























.gif)























