gol1Ејакулацијата бавно ги убива мажите?
Просечното количество спрема има 50 до 250 милиони сперматозоиди, а тој ејакулира приближно 5 илјади пати.
jadat_vo_kujnaПриродни стимуланси за апетит
Додека некои луѓе се обидуваат да симнат некоj килограм, има и такви што се трудат да стават килограм плус.
tampon1Тампоните, причина за синдром на токсичен шок!
Синдромот на токсичен шок е ретка, но потенцијално смртоносна болест.
zenski_1_kondomЖенски кондом
Дали жените кај нас го користат?

Посреќни за само една минута?

bored1

Изненадете го колегата со шолја кафе, дадете и комплимент на нервозната колешка, почестете ги сите од канцеларијата со медени срца!

До 14 часот времето како низ прсти да ви се слизна, но сега доаѓаат оние 2 фатални часа во денот каде ниту кафето од сите бразилски полиња, ниту иновативниот Mark Zuckerberg со неговиот Фејсубк, не можат ни под разно да ви помогнат.

Стрелките на часовникот се движат со брзината на најбавниот полжав, особено поради тоа што го погледнувате часовникот на секои 5 минути, а вашата концентрација е целосна убиена.

Како да ја победите пладневната досада и да се вратите на натрупаните работни обврски?

Еве го лекот сокриен во само 60 секунди:

Направете добро дело!

Изненадете го колегата со шолја кафе, дадете и комплимент на нервозната колешка, почестете ги сите од канцеларијата со медени срца! Според доктор Anthony M Grant, случајните дела на добрина научно е докажано дека ја зголемуваат личната среќа и благосостојба.

Едно истражување на универзитетот во California покажа дека доброто однесување и соработката се заразни. Па така не само што правите добро дело, туку и ширите епидемија на добрина во канцеларијата.

Време е за YouTube занимливости!

Смеата е најдобриот лек, познато од времето на баба ви, и тоа како важи и денес. Затоа веднаш фрлете се во потрага по некоја пародија на музичко видео, вклучете ги слушалките и уживајте!

Позитивните емоции водат кон зголемена енергија и мотивација, вели доктор Timothy Sharp. Добрата смеа е аеробик за стомакот, а со длабокото дишење при тоа се зголемува кислородот и ефектот на чистење на телото.

Според студијата на Stanford универзитетот, една минута смеење е еднаква на 10 минути вежбање на справа за веслање.

 

NotForMen препорака: Разубавете си го работниот ден!

 

Магијата на вашиот глас!

Музичарката Heather Frahn вели дека вашите гласни жици може да ви обезбедат подигнување на нивото на енергија преку т.н. вежба „тонирање на вокалот“.

Пронајдете тивко место, дишете длабоко, а потоа бавно и нежно испуштајте го вашиот глас во еден звук, како на пример „аааа“ или „ееее“, а потоа повторувајте!

Оваа вежба ви го стимулира внатрешното уво, па следи балансирање на левата и десна хемисфера на мозокот. Лошото расположение може да биде резултат на преголемата активност на десната страна од мозокот, која е одговорна за негативните мисли.

Време е за мафини и мирис на лимон, еве зошто:

Посегнете по бисквитите, тортиците или мафините! Храната богата со бело брашно ви дава инстант енергија. Пробајте микс на јогурт, житарици и темна чоколада, ќе добиете енергетска бомба.
Испијте чаша мешан чај или додадете етерични масла во свеќникот за длабоко дa ја вдишете аромата. Користете лимон, бидејќи тој важи како поткренувач на духот, пеперминт за концентрација, еукалиптус за виталност и рузмарин за чисти мисли и циркулација на енергијата.
Станете од работното столче и застанете за почеток! Циркулацијата на крв бргу ќе ви го поправи расположението. Важно е да ги движите големите мускули од нозете, бидејќи многу влијаат на целокупната циркулација. Добро истегнете го и рбетот!
Мафини!Посегнете по бисквитите, тортиците или мафините! Храната богата со бело брашно ви дава инстант енергија. Пробајте микс на јогурт, житарици и темна чоколада, ќе добиете енергетска бомба.
startstop
fwd
1 / 3
bwd




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?