
Речиси 25 проценти од младите, на возраст од 18 до 30 години имаат тетоважа, а дури 65 проценти се жени.
Дали и вие го имате закитено вашиот врат, глужд или грб со некоја тетоважа или планирате во блиска иднина? Речиси 25 проценти од младите, на возраст од 18 до 30 години имаат тетоважа, а дури 65 проценти се жени. Во иднина ќе се зголеми бројот на тетовирани момчиња и девојки на 40 проценти.
Ако и вие размислувате да ставите тетоважа на вашето тело тогаш мотивација сигурно ви е или тоа да бидете уникатна и поразлична или да покажете припадност кон некоја група. Но сепак треба да размислите бидејќи многу дерматолози се против тоа, од проста причина што тоа е избор за цел живот, а телото на 60 години ќе ви изгледа поинаку отколку на 30.
Исто така живееме во општество во кое предрасудите се уште се присутни, па така единствената причина зошто нема да добиете некоја работа може да биде токму вашата тетоважа.
NotForMen препорака: 10 последици од пирсинг
Ако сепак не успеавме да ве премислиме тогаш запомнете дека најважно е да изберете сигурно студио. При тетовирањето доаѓа до пробивање во кожата и контакт со крвта и телесните течности.
- Побарајте ја неговата лиценца за работа, проверете дали е чист дури и тоалетот и осигурајте се дека има одделен дел за тетовирање.
- Не пијте алкохол и не земајте таблети, особено аспирин, ноќта пред да се тетовирате или за време на тоа.
- Не се тетовирајте ако сте болни.
- Осигурајте се дека сите игли се извадени од стерилно пакување пред употребата.
- Проверете дали студиото има опрема за стерилизација на опремата за чистење на инструментите после секоја употреба.
- Обрнете внимание дали артистот ги мие рацете и става стерилни ракавици.
- Околу вас не држете нестерилни предмети, како шишиња вода или чантата.
- Набавете си листа на специфичните пигменти кои се користени, вклучувајќи ја бојата, името на произведувачот итн.
- Откако ќе се истетовирате, внимателно следете ги инструкциите за заздраваување, како и редовната употреба на антибиотска маст.
Ризици!
Без разлика каква тетоважа правите секогаш има ризици. Најсериозните ризици се инфекциите опасни по живот како ХИВ или хепатитис Ц, од нечисти игли, а постојат и многу други кои можат да ви направат компликации.
Кај некои луѓе може да се развијат алергиски реакции на пигментите за тетовирање, особено кај црвените. Може да се случат повреди на ткивото или воспалителни реакции на бои и метали во кожата.
Ризик од алергиски реакции ви носат и привремените тетоважи.
.gif)






















.gif)























