zagrizena_dvojkaЛошите навики предизвикуваат неплодност
Здравиот начин на живот ветува успех на ова поле.
stara1Совети за вежби за постарите лица
Зрелата доба не е пречка за да продолжите со вашите навики за вежбање.
kandidaКандидијаза – иритирачка габична инфекција
Чешање, раздразнетост (болка) и бел исцедок од вагината?
kalinkata3Калинка - вкусно и здраво!
Кај 47% од мажите со сексуални проблеми ја подобрила ерекцијата.

11 тајни за бисерно бели заби

zabi

Дали и вашите бисерно бели заби започнаа да губат од сјајот? Се почест нивни посетител се жолтеникавите дамки кои ви ги носат храната, пијалаците и годините нормално. Време е да преземете нешто за да ја вратите блескавата насмевка!

Белило против дамки од кафе!

Домашниот кит за белеење на забите кој содржи карбамид пероксид/ хидроген пероксид може да ги исчисти дамките од површината и да ја врати природната боја на забите.

Некои гелови се нанесуваат со четкичка на забите, а други се во вид на лента-калап која треба да ја ставите на забите и да ја носите 30-40 минути секој ден во текот на една недела.

Рецепт за домашно белило: Ставете 2 лажички сода бикарбона во мал сад или шолја за кафе, потоа ставете 2 или 3 лажички хидроген пероксид и направете паста. За ова понекогаш се потребни повеќе обиди бидејќи се јавуваат грешки. Бидете сигурни дека смесата е со иста густина како паста за заби. Ако сакате можете да додадете малку нане за ароматизација или дури и мало парче паста за заби. Четкајте околу 2 минути и никако не голтајте! Потоа измијте ги уште еднаш забите со обична паста за да го тргнете лошиот вкус на хидроген пероксидот од устата.

Ленти за побели заби во текот на наредната година!

Лентите не се толку ефикасни како китот, но се лесни за користење и докажани. Тоа се тенки речиси невидливи ленти со пероксид гел кои се носат неколку пати неделно по неколку минути. Резултатите се видливи за неколку дена и траат најмалку година.

Променете ја старата паста со паста за белеење!

За да ги отстраните површински дамки користете специјална паста за белеење на забите која содржи благи абразиви и хемикалии за белеење.

 

NotForMen препорака: Белеење на забите: митови и факти

 

Сода бикарбона, јаболка и гуми за џвакање без шеќер!

Некои луѓе се уште ги практикуваат старомодните начини, па така ги тријат нежно забите со четка и сода бикарбона.

Грицкаат целер, јаболка, моркови и круши, при што се лачи многу плунка која ги чисти остатоците од храна.

Исто така добро е да користите гуми за џвакање без шеќер кои ќе го поттикнат лачењето на плунка која ги неутрализира киселините кои ги расипуваат забите.

Избелување на забите кај стоматолог!

Ако се одлучите да се обратите кај стручно лице, бидете претпазливи ако имате многу пломби, коронки и мостови.

Тие се направени да одговараат на вашата моментална боја на забите, па така ако природните заби ги избелите многу ќе си создадете дополнителна стоматолошка работа.

СОВЕТИ НА ЕКС:

  • Не пушете!
  • Не пијте кафе, црвено вино и темни џусеви или плакнете ја устата веднаш потоа! Се што остава дамка на бела блуза, остава и на забите.
  • Четкајте ги забите после јадење на боровинки и капинки!
  • Не пијте енергетски и спортски пијалаци! Долготрајната употреба ја тенчи забната глеѓ.
  • Четкајте ги забите најмалку 2 пати на ден, а уште подобро после секој оброк и ужина!
  • Посетувајте стоматолог за редовни прегледи!



 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?