pijana1Лек за секој мамурлак
Нането го смирува желудникот, а медот и фруктозата го забрзуваат метаболизмот.
breastfeedingДоењето го штити детето од рахитис
Рахитисот ги напаѓа коските во три периоди на развој: доењето, претшколскиот и периодот на пубертет.
endo3Ендометриозата – причина за неплодност кај...
Ендометриозата со болни менструации е причина за неплодност кај секоја трета неплодна жена.
jogaСо вежби до полесно породување
Трудниците кои правеле вежби за карлицата, полесно се породиле.

За убавина под нож?

gradi_copy_copy

Намалувањето на градите подразбира отстранување на вишокот масно ткиво со цел градите да станат пропорционални со останатите делови на тело.

Колку жени толку проблеми со изгледот. Некои реални, некои преувеличени, но сепак доволни за да бидат причина за женското двоумење дали да појдат под нож во име на убавината.

Некои не се задоволни од големината и формата на градите, други од изгледот на очите и веѓите, трети се борат со проблематичната кожа.

Дознајте кој е стручниот одговор за дилемите дали вреди да се одлучите за оперативен зафат!

Прашање бр.1: Како да знам дека сум соодветен кандидат за намалување на градите? Немам комплекс поради нивната големина, но болките во вратот и грбот се сериозни.

Одговор: Намалувањето на градите подразбира отстранување на вишокот масно ткиво со цел градите да станат пропорционални со останатите делови на тело.

Доколку имате виснати гради чии брадавици се насочени надолу; едната града е видно поголема од другата; имате болки во грбот и вратот поради нивната тежина; страдате од иритација и инфекција под градите; имате искривен грб и рамена, вие сте соодветен кандидат за операција за намалување на градите.

Обидете се да ја намалите тежината пред операцијата бидејќи слабеењето отпосле може да има непредвидени ефекти врз обликот на градите. Заборавете и на цигарите најмалку 3 недели пред операција бидејќи никотинот ѝ пречи на циркулацијата.

Прашање бр.2: Сакам да направам пластична операција на градите со цел да изгледаат пополни. Но, бидејќи планирам да станам мајка во иднина, се прашувам дали бременоста носи ризик градите да се деформираат и покрај операцијата?

Одговор: Зголемувањето на градите е пропратна последица на забременувањето и доењето, но кога градите ќе се вратат во нормала, резултатите варираат.

Кај жените кои имаат еластична кожа, градите изгледаат исто како и претходно. Варијаблите зависат од: годините; степенот на зголемување на градите; претходната бременост.

Младите мајки кои за прв пат остануваат бремени, полесно се враќаат во нормала. Ако веќе еднаш сте поминале низ таа фаза, очекувајте дека и по операцијата ќе треба да направите некоја корекција. Затоа најдобар период за средување на градите е откако ќе завршите со бременоста.

 

NotForMan препорака: 12 интересни факти за женските гради


Прашање бр.3: Од ден за ден веѓите ми се спуштаат, изгледам како старица. Се плашам дека некој ден кожата ќе стаса до трепките. Дали постои некаков метод да ги поткренам, а да не мора да правам операција?

Одговор: Вишокот кожа под веѓите е последица на стареењето или генетски фактор. На жалост не постои магична инјекција што може да ја израмни и да ја поткрене, а единственото решение е оперативен зафат за да се отстрани вишокот. Постапката подразбира отстранување на кожата на ниво на горниот очен капак, така што лузната се движи по природна линија и е скриена.

Резултатот е отворен очен капак и свежо одморено лице.

Прашање бр.4: Имам масна кожа и многу акни. Ниту еден лосион до сега не се покажал како ефикасен и затоа размислувам да подлегнам на ласерски третман. Дали е тоа најдобрата солуција?

Одговор: Ласерот се користи кај пациентите со сериозна пигментација на кожата и сериозна мелазма. Но, постојат и други начини за да се редуцира појавата на акни, како хемиски пилинг и дермабразија.

Ако имате масна кожа, проблемот со ласерот е тоа што ненамерно може да го одземе пигментот од здравите регии правејќи ги бледи.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?