
Холивудските дами одамна станаа зависнички од овој тренд, но треба да запомните дека тие најчесто ги ставаат за на црвениот тепих и веднаш потоа ги вадат.
Вештачките трепки полека станаа must have во изгледот на секоја жена. Драматичниот изглед кој го даваат и нагласените очи се чекор кон совршенството и гламурозниот изглед кој секоја жена го посакува.
Холивудските дами (галеријата подолу) одамна станаа зависнички од овој тренд и лакомо ги користат сите негови бенефиции, но треба да запомните дека тие најчесто ги ставаат за на црвениот тепих и веднаш потоа ги вадат.
Дали знаете кои се ризиците од користењето на лажни трепки?
ЛЕПАКОТ
Лепакот со кој ги прикачувате за окото може да ги иритира очните капаци или дури да предизвика алергија на окото. Некои непроверени начини кои ветуваат долготрајност на лажните трепки може да доведат до сериозни повреди, па дури и случаи на слепило.
НАЧИНОТ НА СТАВАЊЕ
Според хирургот Bessam Farjo, има жени кои многу интензивно ги користеле лажните трепки со постојано ставање на нови или константно им стоеле во текот на долг период со што дошло до уништување на нивните природни трепки. Многу од нив се обратиле кај него за да се обидат да си ги повратат своите трепки по хируршки пат и да не мора да носат постојано лажни.
НАЧИНОТ НА ВАДЕЊЕ
Секој човек е различен, па така и издржливоста на неговите трепки, но има голем ризик за оштетување ако ги носите цело време, ставате два слоја трепки наеднаш, имаат преголема тежина или не ги отстранувате соодветно.
Кога ќе ги вадите бидете навистина внимателни! Вашите трепки се регенерираат, но сепак треба да го издржите оној период додека да се вратат во првобитната состојба.
Погледнете ја галеријата од 15 пара невообичаени вештачки трепки, кои често се дел од ревиите на висока мода, но и од несесерите на најхрабрите девојки:
Еве уште неколку лоши страни нa ваквиот потег:
- Нема да можете слободно да ги миете очите, туку со прстите треба да поминувате околу трепките или со влажни марамици.
- Откако еднаш ќе нанесете маскара врз нив, нема вадење, па во зависност од тоа колку ќе ги носите трепките, секој нареден слој маскара ќе изгледа повештачки, затоа е подобро воопшто да не нанесувате маскара.
- Има многу луѓе кои не можат да ги поднесат вештачките трепки и ги вадат после само 2,3 дена, а вашиот козметичар ќе ви вети околу 1 месец трајност на надградбата.
- Исто така запомнете дека во едно истражување со 2.000 машки испитаници, мажите ги изгласаа лажните трепки како најомразениот дел од шминката кај една жена.
Еве го црвениот тепих во мало:
.gif)






















.gif)























