
Невиното кликање на маусот низ новостите, па гледањето слики и најчесто бесмислените разговори на чат имаат навистина негативен ефект врз нашето тело и ум.
Каде се Фејсбук манијаците? Погледнете во огледалото, на бирото на работа до вас, во помалата сестра, во постариот брат, во асистентот на факултет, во вашето момче, во вашата пријателка, во возачот од ЈСП. Манијакалната страст да стиснеме „log in“ и да го видиме постот на сосетката, расположението на колегата или новите пријателки на момчето, не тресе сите.
Радијацијата од мобилните телефони, остана на второто место, сега вистинскиот дигитален убиец е токму оваа мрежа – Фејсбук!
Невиното кликање на маусот низ новостите, па гледањето слики и најчесто бесмислените разговори на чат имаат навистина негативен ефект врз нашето тело и ум.
Еве со што го поврзуваат Фејсбук докторите:
*****Нарцисоидност, антисоцијално однесување, манија и агресивни тенденции.
*****Нервоза, депресија, губење на концентрација.
*****Проблеми со спиењето и синдром на Карпален тунел.
Фејсбук – ДЕПРЕСИЈА
Неодамнешна студија на Универзитетот во Utah Valley покажа дека Фејсбук е еден од најголемите фактори за појава на депресија.
Сликите и пораките постирани на вашиот ѕид за вас може да се задоволство, но за гледачите може да бидат депресивни и секој од нив би бил посреќен и поздрав ако не ги видел.
NotForMen препорака: Фејсбук патетики
Според социологот Hui-Tzu Grace Chou, гледањето среќни фотографии од другите на Фејсбук им дава впечаток на луѓето дека другите се среќни и имаат добри животи. И додека за вашите вистински пријатели ќе знаете дека имаат угорнини и падови во животот, за вашите лажни Фејсбук пријатели ќе судите само според нивната насмеана слика.
Во ова истражување биле вклучени 425 студенти, еве ги резултатите:
Речиси 95 проценти од студентите се зависни од Фејсбук околу 2,5 години и поминуваат минимум 5 часа неделно логирани.
Па според студијата: „Луѓето колку повеќе часа поминуваат на Фејсбук, толку се поуверени дека другите луѓе се посреќни од нив.“
Фејсбук - СТАТИСТИКА:
- Фејсбук има повеќе од 800 милиони активни корисници. Повеќе од 50 проценти од нив се логираат секој ден. Дневно се закачуваат повеќе од 250 милиони фотографии.
- Фејсбук е социјална мрежа и веб сајт лансиран во февруари 2004, предводен и во приватна сопственост на Facebook, Inc.
- Фејсбук е пронајден од Mark Zuckerberg, со неговите цимери и другари Eduardo Saverin, Dustin Moskovitz и Chris Hughes.
Фејсбук – ЖИВОТНА ПРИКАЗНА: Дали виртуелните пријатели можат да ви предизвикаат астма?
Една студија објавена во медицинскиот весник The Lancet се позанимава со една невообичаена животна приказна.
Осумнаесет годишен дечко со историја на астма добил серија на напади во текот на летните месеци, кога вообичаено ги немал овие симптоми.
Тој бил депримиран поради раскинувањето со неговата девојка и фактот што таа го избришала од листата на Фејсбук пријатели и станала пријателка со многу мажи.
Со лажен Фејсбук профил тој повторно успеал да и стане пријател и да има пристап до нејзините фотографии.
Заинтригирани, докторите му рекле на момчето да носи маска за мерење на ресипраторниот тек секоја пат кога ќе пристапи на Фејсбук. Откриле дека после логирањето неговиот волумен на дишење драстично опаѓал и до 20 проценти.
После помошта од психијатар, момчето одлучило да престане да се логира на Фејсбук и астма нападите запреле.
Стресот од Фејсбук му ги враќал спомените за поранешната девојка и ја предизвикувал астмата.
.gif)






















.gif)























