
Го дувате вашиот нос речиси цела недела и веќе се претворивте во Рудолф? За да ја омекнете кожата и да го намалите црвенилото нанесете вазелин на и околу носот.
Навистина е тешко да изгледате убаво со потечени усни и црвен нос. Лежите настинати по креветите со едвај енергија да станете да си земете чаша вода, но тој се јави дека ќе ве посети со килограм банани и џус.
Ова е навистина внимателно од него и не смеете да го одбиете, но како да се појавите пред него во такво издание. Хорор!
Не паничете, еве неколку трикови кои ќе направат за изгледате убаво и среќно:
ЦРВЕН НОС
Го дувате вашиот нос речиси цела недела и веќе се претворивте во Рудолф? За да ја омекнете кожата и да го намалите црвенилото нанесете вазелин на и околу носот. Потоа ставете и густа крема на вашите прсти и нежно притискајте врз погодените делови додека црвенилото не исчезне.
ПОТЕЧЕНИ УСНИ
Затнатиот нос и последицата од тоа, дишењето на уста може да направат хаос од вашите усни. Кога ви се отечени и суви избегнете го искушението да ставите кармин. Тој само ќе го привлече вниманието кон оштетените делови.
Наместо тоа намачкајте ги усните со тенок слој на вазелин за да ги заштитите и да и помогнете на деликатната кожа да заздрави. Тие ќе добијат на сјај, а потоа нанесете малку кармин само една точка колку за боја за тие да добијат на живост.
NotForMen препорака: Една корист и од настинката: Ништо не е поважно од вас
БЛЕД ТЕН
За да додадете топлина на вашиот тен со коректор средете го секое црвенило на лицето и хидратирајте ја сувата кожа со нанесување хидратантна крема на цело лице.
Потоа креирајте илузија на здравје со розов руж на јаболчниците од вашите образи. Ќе ја направи убава вашата кожа без да ја истакнува нејзината сувост како што би направила пудрата во прав.
БЕЗЖИВОТНА КОСА
Лежењето со денови по креветите на испотени перници може да биде вистински непријател на вашата коса. За да и помогнете измијте ја со шампон за додавање волумен, па на малку влажната коса нанесете пена и сушете ја со дифузер или подигнувајќи ја со прстите.
УМОРНИ ОЧИ
Разбудете го вашиот изглед со виткање на трепките и нанесување маскара. По виткањето издувајте ги со топол воздух од фенот и ќе добиете убава форма која ќе ви ги отвори очите.
Исцртајте ги само внатрешните агли од очите со бел ајлајнер. Овој трик ќе даде илузијата дека очите ви се посветли и поотворени.
.gif)






















.gif)























