
Како што нивото на допамин бргу се враќа во нормала, вашето тело копнее за ново вакво добро чувство, дури иако не сте свесни за тоа.
Просечната цигара ја пушите за 10 вовлекувања и 5 минути, но тие 5 минути прават хаос со вовлекувањето на 4.000 хемикалии во вашиот организам. Moжеби ќе подразмислите за вашето „слатко“ задоволство откако ќе прочитате кој е патот на чадот од цигарата низ вашето тело.
Што ви се случува во првите 10 секунди?
Откако прв пат ќе вовлечете, чадот минува низ вашата уста оставајќи кафени дамки на вашите бисерно бели заби. Токсичните гасови, како формалдехидот и амонијакот, веднаш го алармираат вашиот имун систем предизвикувајќи воспаление.
Откако е во душникот чадот од цигарите ги забавува малите трепки кои работат на чистење на вашиот респираторен систем и се борат со честичките. Во меѓувреме, воздухот со никотин поминува веднаш во вашиот крвоток преку милионите капилари во белите дробови.
NotForMen препорака: Водич за откажување од цигари
Вашето тело добива удар на енергија како што никотинот удира во надбубрежните жлезди, поттикнувајќи лачење на адреналин кој ви го крева крвниот притисок и биењето на срцето. Вашето срце е неспособно целосно да се одмори меѓу тактовите и сега имате повисоко ниво на ризик од мозочен удар.
| 6-8 часа по гасењето на цигарата токсините се во вашето тело |
Во исто време јаглерод моноксидот (токсична компонента која ја има во издувните гасови од автомобилите) од чадот почнува да се вградува во вашата крв, ограничувајќи ја способноста на телото да го транспортира кислородот до виталните органи.
Преку крвта никотинот удира во вашиот мозок, каде одредени нервни клетки одговараат со одобрување за лачење на невротрансмитерот допамин, кој прави да се чувствувате добро.
Што ви се случува после 5 минути?
Како што нивото на допамин бргу се враќа во нормала, вашето тело копнее за ново вакво чувство, дури иако не сте свесни за тоа.
Ако често се оддавате на желбата, вашиот мозок ќе се навлече и после ќе се судрите со огромна тешкотија кога ќе одлучите да престанете со пушењето. Некои експерти тврдат дека никотинот може да предизвика толку голема зависност како и хероинот.
Чадот од цигарата е заминат, но вашето тело ќе биде под дејство на токсични супстанции уште 6 до 8 часа. Подарок засекогаш ви е лигавиот кафен катран во вашите бели дробови.
Moжеби е време да се откажете од пушењето!
.gif)






















.gif)























