
Што ако токму лошиот здив е виновникот што момчето со кое бевте на совршен состанок не ве бакна за добра ноќ?
Секој би се засрамил од својот лош здив... Што ако токму тој е виновникот што момчето со кое бевте на совршен состанок не ве бакна за добра ноќ или што пријателката упорно ви нуди од нејзините минт бонбони, иако ја одбивте веќе 2 пати?
Еве како никогаш повеќе да не се најдете во ваква непријатна ситуација:
МИЕЊЕ ЗАБИ 2 ПАТИ НА ДЕН И ПОСЕТА НА СТОМАТОЛОГ.
Редовните посети кај вашиот стоматолог се есенцијални за одбраната од лошиот мирис во устата. Кариесот, расипаните заби и заболувањата на непцата се причинител број еден за оваа појава.
Четкајте ги забите најмалку два пати на ден за да ги отстраните бактериите кои се таложат на забите и барем два пати годишно посетувајте го вашиот стоматолог за целосна проверка и професионално чистење на забите.
ЧЕТКАЊЕ НА ЈАЗИКОТ ЕДНАШ НА ДЕН.
Кога ги четкате забите никако не заборавајте го јазикот! Оваа заоблена површина е совршена за размножување на штетните бактерии.
За да го спречите ова чистете го јазикот со нежна четка еднаш на ден, од коренот кон напред.
КОРИСТЕЊЕ ГУМИ ЗА ЏВАКАЊЕ БЕЗ ШЕЌЕР.
Посегнувањето по минт бонбоните и мастиките од чантата може добро да го замаскира лошиот здив, но и да го влоши проблемот ако користите брендови со шеќер. Бактериите во вашата усна шуплина го ферментираат шеќерот што води кон непријатен мирис. Затоа држете се за гумите за џвакање без шеќер, а кога сте веќе таму обидете се да го намалите шеќерот и во секојдневната исхрана.
NotForMen препорака: 5 причини за лош здив
ПИЕЊЕ 8 ЧАШИ ВОДА НА ДЕН.
Вашата плунка содржи витални ензими за убивање на лошите бактерии, па сувата уста ќе придонесе за лоша ситуација во устата.
Потребно е да останете хидратирани за да ги стимулирате плунковните жлезди да лачат, па затоа пијте барем 8 чаши вода на ден.
Но ако се уште ви е сува устата размислете:
1. Дали сте на лекарства?
Лекарствата за хронични алергии, висок притисок или антидепресивите можат да имаат ваков пропратен ефект. Прашајте го вашиот стоматолог да ви препорача специјални средства за влажнење на устата.
2. Дали устата ви е екстремно сува кога ќе се разбудите наутро?
Ова може да биде знак дека дишете преку уста цела ноќ поради некои проблеми. Консултирајте се со стоматологот да ви помогне.
МАЛКУ ЛЕБ, МНОГУ ЧАЈ, ОДБРАНИ ЗАЧИНИ И ПОСЕТА НА ДОКТОР.
Прескокнете го лебот! - Поради согорувањето на одредени хемикалии во телото при разградувањето доаѓа до лош здив.
Пијте чај! – Црниот и зелениот чај помагаат во убивањето на лошите бактерии.
Ставете зачин! – Зачинот кардамон има антибактериски својства и со векови се користи како природен освежувач на здивот. Исто така пробајте и со грицкање на семиња од анасон.
Појдете на доктор! – Ако ништо од горенаведените совети не ви помогна можно е вашиот лош здив да е симптом за некое друго заболување како дијабетес, тешка синусна инфекција, нарушување на црниот дроб или бубрезите итн.
.gif)






















.gif)























