devjoka_so_mleko_i_keksХрана за подобар надворешен изглед
Како преку храната да го подобрите физичкиот изглед?
skaraМесото на скара предизвикува рак на дебелото црево
Димено месо, салами, паштети.
sto_koga_ke_se_prejadeteШто кога ќе се прејадете?
Надуеноста е резултат на задржување на течностите во организмот.
dolgo2Како да постигнете долговечност?
Човекот кој редовно вежба годишно „заштедува“ 20-30 дена и секоја година додава по месец живот!

Детоксикациски план

devojka_so_zeleno_jabolko

На секое тело повремено му е потребно прочистување од нездравиот начин на исхрана, а најмногу од брзата храна. Покрај тоа  ќе ви помогне и да симнете некој килограм. Нема да има негативни ефекти врз крвната слика ако ја практикувате една недела. Но, не претерувајте. Направете пауза од една недела пред повторно да ја практикувате.

Дозволено е да јадете:

1. Овошје: дозволено е секакво овошје и тоа во каква било состојба, замрзнато, свежо, суво, конзервирано... Јаболко, лубеница, круши, цреши, јагоди, грозје, банани, киви, праски, сливи, боровинки.

2. Овошен сок: пијте домашно направен, цеден или готов, само да е без шеќер и без конзерванси.

3. Зеленчук: буквално сé ви е дозволено и тоа подготвено на каков било начин, печен, варен, ако сакате најмногу витамини внесувајте го свеж.

4. Риба: секаков вид, печена, варена, конзервирана. Избегнувајте пржена.

5. Апетисани: лешници, бадеми, ореви, индиски ореви важно е да не се солени.

6. Семиња: сончоглед, семки од тиква, сусам, ленено семе, несолени.

7. Несолени пуканки, јогурт, лук, магдонос и други тревки, маслиново масло, мед, црн пипер, чаеви, вклучувајќи ги и овошните.

Забрането е да јадете:

1. Црвено месо, пилешко и други форми на месо како колбаси, паштети, хамбургери.

2. Млеко, сирење, јајца, крем

3. Путер и маргарин.

4. Какви било тестенини како макарони, шпагети, кроасани, бисквити, пити и др.

5. Чипс и какви било грицки вклучувајќи ја и солената леблебија и бадеми.

6. Шеќер, чоколадо, џем...

7. Алкохол.

8. Какви било газирани пијалаци вклучувајќи ги и диететските.

Предлог за појадок:

1. Бананата исечкајте ја, додадете малку мед и слатка павлака или јогурт.

2. Свежо приготвена овошна салата полијте ја со слатка павлака или јогурт и додајте малку овес.

3. Направете овошна каша во која ќе ставите малку мед и слатка павлака.

4. Направете микс од семиња, апетисани, суво овошје и јадете ги со јогурт.

5. Свежо овошје со јогурт.

Предлог за ручек:

1. Подгответе супа од зеленчук, на пример од брокула, малку компир, морков и додајте малку соја или овесни снегулки.

2. Во сосот од конзервираната риба ставете црвен грав, пченка, боранија, морков, а потоа додадете ги  парчињата риба. Риба со зеленчук можете да најдете во секој супермаркет. Јадете ја со зелена салата.

3. Сварете ориз и зачинете го со црн пипер. Можете да го измешате со грашок и со пченка.

4. Направете летна манџа од свежи пиперки и домати, задолжително ставете лук и магдонос.

Предлог за вечера:

1. Сварете неколку млади компири, исечкајте ги во длабок сад. Во нив додадете пржени печурки во маслиново масло. Зачинете ги со малку сол, црн пипер. Ставете лук и сушен магдонос. Попрскајте озгора со неколку капки маслиново масло.

2. Во фолија ставете парче лосос, лимонов сок, парчиња лимон, магдонос, лук и маслиново масло. Ставете го во рерна да се пече. Служете го со печен домат и со варена пченка и грашок.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?