kance1Разубавете си го работниот ден!
Прозорците  и цвеќињата во канцеларијата ќе ви го разубават работниот ден.
depresija1_copy9 митови за депресијата
Депресијата погодува 1 од 6 луѓе во некој период од нивниот живот.
gricka6 основни правила за вашата ужина
Ужината не треба да биде повеќе од 100 до 200 калории и да се внесува 3 часа после оброкот.
gradnikot1Несоодветниот градник – непријател на вашите...
Дури 85% од жените не купуваат градник во согласност со вистинската големина на своите гради.

Слабеење и одржување на линијата - совети за цел живот

Изборот за диета ви го оставаме вам, а ние ќе ви дадеме неколку совети плус.

Заборавете ги режимите и правилата. Слободно јадете сé бидејќи сé е здраво ако се зема во нормално количество. Само треба да правите баланс. Вклучете протеини (лесно месо без сало, риба, соја), јаглеродни хидрати(леб, тестенини, компири) многу зеленчук и овошје. Користете што помалку масло и сол.
Луѓето што сакаат да ослабат, најчесто го прескокнуваат појадокот. Можеби за тоа време ќе се поштедите од калории, но гладот ќе се зголеми и можно е да посегнете по нешто погрешно. Една чинија со житни снегулки и јогурт е здрава и нискокалорична.
Нека содржи прецизни работи што треба да ги сработите. Тоа ќе ве мотивира и ќе ви помага да не избегате од патеката. Ако сте напишале дека треба да пешачите или да изедете јаболко меѓу оброците, ќе видите дека ќе го правите тоа. Напишете ја целта што сакате да ја постигнете, притоа останете реални.
Вагата ќе ви помогне да имате увид до каде сте со килограмите. Одредете си ден и време кога ќе се мерите и правете го тоа еднаш неделно. Не бидете опседната да се мерите секој ден по неколкупати. Така само ќе се нервирате бидејќи работите не се случуваат преку ноќ. Имајте предвид дека телото е потешко во текот на денот поради водата и храната.
Секој ден во тетратка или на компјутер, запишувајте си што и колку сте изеле. Во случај да не забележувате резултати или одеднаш почувствувате стагнирање во слабеењето, ќе имате увид на производите што сте ги зголемиле и кои можеби се одговорни за тоа.
Мирисот додека ја готвите храната ќе ги нахрани сите ваши сетила. Тој што го готви јадењето најмалку го јаде. Од друга страна, зготвената храна е свежа, здрава и помалку калорична. Имате увид на солта и маслото што го ставате.
Сами одбирајте ја храната и читајте ги упатствата на производите. Почесто одите на пазар отколку во маркет. Купувајте си свеж зеленчук и овошје, помалку готови производи, повеќе за готвење.
Колку пати ви се има случено од што немате што да правите, да отидете во фрижидерот да најдете нешто интересно за јадење. Јадете само во функција на задоволување на потребите. Занимавајте со читање книга, а не со грицкање.
Меѓу оброците секому му се каснува нешто благо. Ако имавте навика да си земате еден ред чоколада, намалете го на две коцки. Уште поубаво би било да го замените со житен десерт како бонжита. Кога ќе се навикнете на ваквата промена, обидете се и тоа да го замените со сливи, цреши, јагоди...
Не значи ако е течно дека може да се пие неограничено. Можеби густиот сок содржи витамин Ц, но истовремено има многу шеќер, затоа пијте само по една чаша дневно. Истото важи и за чајот, кафето, млекото, ако можете, пијте ги без шеќер. Правилото не важи само за вода.
Не казнувајте се себеси никогаш повеќе да не каснете чоколада или пица, нема никогаш да ви успее. Затоа еднаш во месецот можете да се почестите со некое задоволство за да се наградите дека бевте умна.
Не гответе колку за цело село. Точно измерете колку порции ви требаат за ручекот. Така не си правите мака да се воздржувате од репете. Ставете нормално количество во чинијата, најдете се и станете веднаш. Оставете ги другите, тие може ќе јадат десерт , а вам не ви беше потребен.
Хранете се здраво!Заборавете ги режимите и правилата. Слободно јадете сé бидејќи сé е здраво ако се зема во нормално количество. Само треба да правите баланс. Вклучете протеини (лесно месо без сало, риба, соја), јаглеродни хидрати(леб, тестенини, компири) многу зеленчук и овошје. Користете што помалку масло и сол.
startstop
fwd
1 / 12
bwd




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?