
За што станува збор?
Диетата е дело на Jorge Cruise, фитнес-новинар кој силно верува во својата програма за губење на вишокот килограми. Тој поставил три правила што мора да ги почитувате доколку сакате ефекти:
Појадокот треба да го консумирате по еден час откако ќе станете од кревет.
По појадокот мора да јадете на секои три часа.
Треба да запрете со јадење три часа пред да одите на спиење.
Ова се трите правила врз основа на кои тој ја поставил својата програма. Тој верува дека ваквиот начин на исхрана го забрзуваосновниот метаболичен процес, што води до побрзо варење на храната, губење калории, повеќе енергија и помал апетит.
Иако кај многумина ваквата диета се покажала како успешна, сепак не постои научна потврда дека поделбата на оброците на неколку помали, влијае на основниот метаболичен процес, односно забрзување на процесот на согорување калории.
Како функционира диетата?
Авторот на диетата не верува во лоша храна, туку во лоши порции. Тој е на ставот дека секој ќе има добра фигура доколку ја јаде вистинската порција во вистинско време, мислејќи при тоа на количеството, а не на видот на јадењето.
Приближно секој оброк содржи 400 калории. Доколку ручекот од 400 калории го поделите на 4 дела и внесувате на секои три часа по 100 калории, тогаш вие навистина сте му ја олесниле работата на дигестивниот систем.
Со консумирањето на храната на секои три часа го принудувате метаболизмот постојано да работи. Тоа е еден вид вежба на која организмот ќе почне да се навикнува. Резултатите се видливи најмногу околу половината. Jorge Cruise ветува губење два килограма секоја недела без при тоа да се намали или да опадне мускулатурата.
Што велат експертите?
Поголемиот број експерти се согласуваат дека забрзувањето на процесот на согорување на калориите единствено се постигнува со вежбање. Не сметаат дека некој режим на исхрана може да помогне околу тоа.
Втората забелешка за овој тип исхрана е поврзан со делењето на порциите. Имено, луѓето што лесно се дебелеат и што уживаат во храната, едвај чекаат можност да јадат повеќе пати во денот. Не постои начин тие да се контролираат колку ќе ги полнат порциите. На крајот ќе завршат здебелени наместо ослабени.
.gif)






















.gif)























