
Овошната диета ветува дека ќе изгубите неверојатни 9-10 килограми за само три дена.
За време на овошната диета, организмот со помош на овошјето, кое е најпознатиот чистач, ќе го ослободи телото од наталожените масни наслојки, вели нутриционистот Jay Robb, автор на диетата.
Како што кажавме, овошната диета се држи само три дена:
Прв ден: од 8:00 до 16:00 часот на секои два часа пијте протеински шејк. Го има со вкус на ванила, капучино, чоколада. Но, дозволено ви е да го растворате само во вода и нормално без шеќер. Почесто пијте вода.
За вечера можете да каснете свежа салата со маслиново масло и лимон и сварена белка од јајце.
Втор и трет ден: од 8:00 до 16:00 часот на секои два часа јадете свежо овошје и пијте вода. Вредноста на овошјето што го внесувате при секој оброк, треба да изнесува 100 калории.
За вечера дозволено ви е да јадете салата со маслиново масло, половина лимон или авокадо. По тоа напијте се една чаша протеински шејк.
Забрането ви е: млеко, чај, кафе, пржен зеленчук, слатки, алкохол и газирани пијалаци. Во тие три дена не се препорачува никаква физичка активност. Бидејќи процентот на внесените калории е минимален. Но, по диетата добредојден е секој спорт за да ја одржите линијата.
Колку е штетна оваа диета?
Секоја диета што трае само неколку дена, а во случајов три дена, не може да предизвика последици. Тоа ви е исто како кога ќе се разболите и тие неколку дена не се храните нормално. Но, кога настинката ќе пројде, вие се враќате во нормала.
Значи, за штетна не е, но колку е ефикасна на долг рок? Што ќе се случи со килограмите ако по тие три дена се вратиме на старите навики. Нутриционистите велат да продолжите да јадете, но исклучиво здрава храна и да спортувате. Но, ова веќе го знаевте!
.gif)






















.gif)























