
Здрав начин на слабеење не подразбира да се изгладнувате или пак да се утепате од вежбање, а не сте мрднале година дена.
Очајно сакате да ја намалите тежината. Што треба да направите за при тоа да не ја ослабите крвта и воспалите мускулите?
Храната е потребна за енергија. Вежбите ги согоруваат калориите и даваат дополнителна енергија. Што значи треба да ги комбинирате, намалени калории со зголемена активност.
Малите промени прават голема разлика. Доволно е да јадете едно колаче помалку за да се ослободите од 5 грама за еден месец. Истото важи и за млекото, полномасното заменете го со помалку масното, или пијте Light сокови. Одвојте време за појадок наместо постојано да пазите на правила.
Ако ги зголемите физичките активности, а држите до здравата исхрана и ситните правила, задолжително ќе изгубите килограми. Ако не сакате справи и аеробик, доволно е 20 минутно пешачење во денот. Секоја секунда искористена за спорт значи губење калорија. Наместо со лифт одете по скали, на пократка релација оставете ја колата дома, истегнувајте се пред ТВ за време на рекламите и сл.
Некој што е научен да јаде многу не може одеднаш да престане, особено кога станува збор за слатките. Затоа доволно е да внесувате 300 - 500 калории помалку. Навистина тоа е малку но верувајте доволно.
Бидејќи калориите најмногу ги има во масната храна, удрете повеќе на овошје и зеленчук, и:
- Газираните сокови заменете ги со вода.
- Јадете помалку на ручек. Ако сте јаделе 3 парчиња леб, намалете на 2. Доволно е само да намалите на слојот путер или мајонез.
- Пијте кафе и чај без шеќер.
- Јадете почесто во помали порции.
- Намалете го пивото и алкохолот.
- Не грицкајте чипс помеѓу оброците.
Не се обидувајте да прерипате оброк. Тогаш организмот работи како луд, црпи се што останало во вас и вие сте постојано гладни. Во вакви моменти на криза најчесто се посегнува по грицки и благо за да се убие непријатното чувство.
.gif)






















.gif)























