
Ем слаби ем помлади...тоа го ветува диетата на доктор Perikon. Човекот има напишано неколку книги за негување на кожата преку исхраната. Овој пат верува дека со помош на специјалниот режим жените може да го забават процесот на стареење.
Најголемите фанови на неговата диета се славните личности како Kim Katral, Heidi Klum, Julia Roberts, Courteney Cox и многу други. Не може, а да не си го поставиме прашањето, како може еден режим да влијае на толку сфери на женскиот живот?
Авторот на диетата вели дека храната е најголемиот виновник за болестите, пред сè на дигестивниот систем, за создавањето на порите на лицето и губењето на природниот колаген и еластичност. Но, да не навлегуваме длабоко во неговата студија. Да се задржиме на конкретните мерки што тој ги предлага. Ќе ви ги откриеме мерките на исхрана што ги препорачал во својата книга...
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ДИЕТАТА:
Оброци: задолжително 3 оброка.
Ужини: задолжително 2, една на пладне, а другата навечер пред легнување.
Состав на оброците: сите оброци треба да содржат протеини, здрави јаглеродни хидрати, есенцијални масла, разновидно овошје и зеленчук. Оброкот е најдобро да го почнете со протеини.
Количеството оброци и бројот на калории: не постои никакво ограничување сè додека се држите според препораките за тоа што смеете и тоа што не смеете да го јадете.
Вежбање: 6 пати неделно по 40 минути, но најмалку 4 часа пред легнување.
ПРЕПОРЧАНА ХРАНА:
1. Риба и слични протеини како пилешко и тофу. Јадете само органско месо и свежи селски јајца. Најдобар избор е дивиот лосос. Протеините од рибата ги ревитализираат кожните клетки и го забавуваат стареењето. Омега 3 масните киселини ја обезбедуваат потребната хидратација.
2. Јаглеродни хидрати со низок гликозен индекс, како што се тестенините од жито, кафен ориз и јачмен. Овие продукти содржат висок процент хранливи материи и растителни влакна.
3. Јаткасто овошје, пред сè лешници и бадеми бидејќи содржат витамин Е и линоленска киселина, антиоксиданси што го забавуваат стареењето.
4. Грав и леќа. Тие содржат антиоксиданси, а нивниот гликозен индекс е низок, така што ќе имате чувство на ситост подолго време и ќе го избегнете покачувањето на шеќерот во крвта. Направете си манџа, ставајте ги како додаток во салатите и супите или сервирајте ги со риба и со пилешко.
5. Корисни масла. Се препорачува исклучиво маслиново или ленено масло бидејќи тие се богати со олиенска киселина и омега 3 масни киселини, клеточни заштитници.
6. Вода. Секојдневно пијте вода, минимум 6 чаши.
ЈАДЕТЕ ВО БОЈА:
Најважно од сè во оваа диета е да се храните разновидно, нешто зелено, портокалово, сино...
ЦРВЕНА. Црвени јаболка, црвени пиперки, црно вино, домати, цреши, јагоди, цвекло, малини, брусница.
ПОРТОКАЛОВА. Кајсија, морков, праски, манго, папаја, портокали, јастог, лосос, мандарини, ракчиња.
ЖОЛТА. Жолти пиперки, лук, пченка, диња, тиква.
ЗЕЛЕНА. Зелени јаболка, брокули, зелен чај, киви, зелена салата, спанаќ, грашок, боранија, зелка, магдонос.
СИНА (ВИОЛЕТОВА). Капини, црн чај, боровинки, модри сливи, модар патлиџан, црни рибизли, суви сливи, суво грозје.
ЗАБОРАВЕТЕ НА:
Вештачките засладувачи и адитиви избегнувајте ги секогаш кога можете. Свежите продукти, особено соковите, се секогаш подобра варијанта.
2. Кафе. Заменете го со зелен чај бидејќи го забрзува метаболизмот.
3. Заситени масти. Најмногу ги има во билните масла. Рафинираните јаглеродни хидрати го покачуваат нивото на шеќерот. Ги има во белиот леб, компирот, тестенините, белиот ориз.
4. Полномасни млечни продукти. Полномасното млеко и тврдите сирења заменете ги со обезмастено млеко, јогурт и меко сиренце.
ТРИДНЕВНА ФЕЈС-ЛИФТИНГ ДИЕТА (Диетата направете ја пред да почнете да ја следите општата програма за подмладување)
| ПОЈАДОК |
Омлет од три белки и една жолчка. Печен или варен лосос. Една шолја овесна каша. Половина праска (може и конзервирана). Една чаша сок од боровинки. |
|---|---|
| РУЧЕК |
Печен див лосос, туна од конзерва, сардина во маслиново масло или суши од лосос. Две порции зелена салата прелиени со маслиново масло и свежо исцеден лимонов сок. Две резанки ананас. Две чаши вода. |
| ПОПЛАДНЕВНА УЖИНА |
Пилешки гради без кожа. 4 лешници или бадеми. Едно зелено јаболко. |
| ВЕЧЕРА |
Печен лосос. Две порции од зелената салата. Еден портокал. Една порција боровинки или киви. |
| УЖИНА ПРЕД СПИЕЊЕ |
60 гр мисиркино месо со малку сол или пилешки гради. Една круша или зелено јаболко. 3-4 бадеми или маслинки. |


















































