
Празниците се вистински предизвик за девојките на диета. Замислете си да мора да одолеете на сите јадења што се нудат во секој дом. Кифлички, руска салата, малку печено мевце - сето тоа залиено со чаша вино и на крајот парче торта...мммм...вкусно!
Ретко кој ќе го поднесе режимот, а и нема да бидете дел од атмосферата и ќе ја пропуштите забавата. Сите ќе наздравуваат, ќе се гостат, а вие...ќе си носите кесичка со моркови и зелка? Не иде ниту да се фрлите на храната кога толку многу се трудевте.
Наместо да броите калории и да пребарувате за јадење следете ги правилата:
ПРАВИЛО БР. 1
Не доаѓајте гладни на забавата. Цел ден се подготвувате за големата вечер, знаете дека вечерта ве чека вкусно јадење и дента не каснувате ништо. Многу е попаметно да каснете нешто лесно пред да појдете на забавата. Прегладнетоста ќе резултира со прејадување што е штетно за желудникот.
ПРАВИЛО БР. 2
Стојте подалеку од храната. Многу луѓе понесени од музиката забораваат на храната. Никој не сака да ја пропушти песната за да седне и да јаде. Следете го нивниот пример. Забавувајте се, пијте течности и сè додека не почувствувате глад, не доближувајте се до масите со храна.
ПРАВИЛО БР. 3
Наполнете ја чинијата со здрава храна. Покрај толку храна секако дека можете да направите помалку безболна порција. Повеќе зеленчук, малку месо и по можност без тестенини. Не е работата да се лишувате од сè, најважно е да воспоставите контрола на јадењето. Ако успеете во тоа, каснете и едно колаче.
ПРАВИЛО БР. 4
Дозволен е еден оброк. За жал, вие имате право само еднаш да седнете на новогодишната трпеза. Задоволете се со еден оброк, сетете се какво тело ќе добиете за неколку месеци. Седнете, најадете се со усул, замолете да ја однесат вашата чинија и тоа е тоа. Сепак, имавте можност малку да се омрсите. Ќе видите дека и другите толку јадат, не сте само вие дискриминирана.






































