
Диетите што ги правиме пред Нова година знаат да бидат контрапродуктивни на долги патеки бидејќи изгубените килограми многу брзо се враќаат поради богатите празнични трпези на кои не можеме да им одолееме.
Едно истражување вели дека речиси сите жени пред новогодишните празници почнуваат диета за да изгледаат совршено, но само една од пет жени вистински внимава на исхраната во текот на целата година.
Диетите што жените ги практикуваат во последен момент пред важни настани најчесто се контрапродуктивни на долги патеки. Повеќето жени за новогодишните и божикните празници посакуваат да изгубат околу пет килограми, од кои околу 60 проценти сакаат да го направат тоа заради сопствената самодоверба, а 13 проценти заради своите партнери.
Но, многу често веднаш по диетата жените ги враќаат изгубените килограми заради прејадување. Најчесто по вакви експрес диети брзо се враќаме на старите навики и на крајот завршуваме и подебели отколку што сме биле на почетокот.
Потребно е да ги промениме навиките ако сакаме да останеме витки!
Појадокот е најважниот оброк во текот на денот, а вашето тело ќе ви биде многу благодарно затоа што во текот на денот ќе бидете многу поефикасни. Но, избегнувајте храна која ќе ве надуе, како брокула, карфиол, лук, кељ, суви сливи или круши. Заменете ги со зачинета храна бидејќи според некои истражувања таа побрзо ги согорува калориите.
Јадете почесто, но во мало количество. Наместо да грицкате чипс, изберете овошје. Избегнувајте и газирани пијалаци полни со јаглеродни хидрати и шеќер, како и индустриски обработена храна како сувомесни производи, виршли кои обилуваат со конзерванси и соли. Не јадете ни премногу леб или тестенини од бело брашно. Подобро би било да консумирате производи од жито.
.gif)






















.gif)























