
Според истражувањето објавено во март 2000 година од страна на Националниот институт за здравје, луѓето во просек се здебелуваат за еден килограм во периодот од Нова година до Божик.
Со оглед на тоа што во секој дом имате достапна храна и наздравувате со алкохол, ваквиот факт воопшто не треба да ве чуди. Дури мислиме дека бројот на килограмите е потценет. Всушност, тука се зборува за просек, што значи ако сте склони кон дебелеење сигурно нема да поминете само со килограм плус.
КАКО ИЗГЛЕДА ЕДЕН НОВОГОДИШЕН ОБРОК?
Да почнеме со ред: кифли, руска (пилешка, кинеска, со макарони, француска) салата, печење ( најчесто селско месо во кое има комбинација од повеќе типови месо), сарма, најскапата чоколадна торта, сок или алкохол...
КОКЛУ ПАТИ ЈАДЕМЕ ОД ОВА ЈАДЕЊЕ?
Додека да отчука дванаесет часот, откако ќе се вратиме дома од славење. Наредниот ден за време на ручекот, малку кај роднините на честито и така сè до крајот на неделата додека не се види дното на тенџерето со руска салата. Често се случува и да заборавиме да пиеме вода зашто фрчат сокови од сите страни.
ПРЕСМЕТКА НА КАЛОРИИТЕ:
Во просек, еден новогодишен оброк составен од традиционалните јадења содржи 3.000 калории. Тука не се вклучени апетисаните и мезето пред ручекот и десертот по тоа. Замислете колку желудникот е преоптоварен од количеството храна. По ова очајно ќе имате потреба од детоксикација.


















































