majka_i_kerka_na_piknikДобар изглед со добра храна
Кои намирници драстично ќе го подобрат вашиот изглед?
baby_angelceБебе саем по втор пат
Светот на бајките и забавата и оваа година блиску до најмалите.
vezba_so_deteШто со килограмите по бременоста
9 - те месеци уживање во секаква исхрана, намалени физички активности, негрижа завршија, а вие треба да се соочите со реалноста.
anorgazmija1Зошто некои жени никогаш не доживуваат оргазам?
Психогена аноргазмија е израз за неспособноста на жената да доживее оргазам од било каков облик.

Диета за забрзување на метаболизмот

mie_marula

Авторите на оваа диета се потрудиле таа да асоцира на правилен начин на исхрана, а не на изгладнување

Станува збор за 90-дневна диета што стана особено популарна од повеќе причини - неверојатни резултати и нови навики во исхраната. Целта на оваа диета, освен намалувањето на килограмите, е забрзување на природниот метаболизам и исклучување на било каква можност калориите да се залепат на погрешно место. Авторите на оваа диета се потрудиле таа да асоцира на правилен начин на исхрана, а не на изгладнување.

ФАКТ: диетата трае 90 дена и за тој период можете да ослабите од 18 до 25 килограми. Ако не сакате да изгубите толку килограми, тогаш едноставно прекинете ја. Диетата се состои од 4 дена и редоследот морате строго да го почитувате!

ПОЈАДОКОТ е ист за сите 90 дена - овошје во пар (2 јаболка, 2 портокала, 2 круши...) или 2 раце ситно овошје како сливи, цреши, боровинки и др.

  • ДЕН - ПРОТЕИНСКИ

Ручек: варено или печено месо (количината да биде отприлика 3 шницли, ако едната тежи 180 грама), резанка интегрален или црн леб и салата во неограничени количини. Месото можете да го замените со 3 варени јајца.

За време на протеинскиот ден ви е дозволено да пиете млеко и да јадете сирење. После ручек задолжително испијте 2 децилитри бистра супа без тестенини. Можете да си купите од оние коцки супа...само ставете ја во зовриена вода.

Вечера: исто како и ручекот, само без супа. Она што го јадевте за ручек ќе морате и да го јадете за вечера. Значи ако сте јаделе месо ќе мора да вечерате месо, ако го заменивте со јајца, за вечера повторно ве чекаат јајца.

  • ДЕН - СКРОБЕН

Ручек: можете да одберете помеѓу грав, компири, ориз, леќа, боранија и слично. Задолжително сварете го со сите зачини, сол, пипер, вегета, лук... Дозволена е една резанка интегрален или црн леб и салата.

Вечера: исто како и ручекот, но во помала количина.

  • ДЕН - ДЕН НА ЈАГЛЕРОДНИ ХИДРАТИ

Ручек: било кој вид на тестенини во комбинација со кечап, оригано, зеленчук. Дозволена е вегетаријанска пица, но без сирење.

Вечера: две парчиња торта, 3-4 колачи или 3 топки сладолед и задолжително еден ред црно чоколадо.

  • ДЕН - ОВОШЕН

За ручек и вечера: јадете само овошје!

МНОГУ ВАЖНО!!!

За време на диетата, еднаш во месецот треба да имате ВОДЕН ДЕН, што секогаш треба да следува после овошниот, а после него треба да следува протеинскиот. Кафе и чај (по можност без шеќер) можете да пиете во неограничени количини. Можете да пиете и сокови, но со што помалку шеќер.

После крајот на диетата можете да продолжите со вообичаениот начин на исхрана, но под услов и наредните 90 дена да појадувате овошје. Ако во тој период од 3 месеци изгубите уште 3 килограми, значи дека дошло до промена во метаболизмот. Ако сметате дека имате потреба да ја повторите диетата, сторете го тоа после пауза од 3 месеци. Во никој случај не смеете да гладувате бидејќи така само ќе го забавите метаболизмот, а нема да ослабете.



 
Unique-avgust

Error: Any articles to show

11-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)