
Дневниот внес на калории не смее да биде под 1200 за жени и 1500 за мажи
Девојките кои очајно сакаат да симнат некое кило, најчесто забегуваат кон рестриктивни режими на исхрана со цел побрзо да дојдат до резултати. Но изгладнувањето никогш не може да донесе позитивни резултати од причина што искушението да се фрлите на храната е неподносливо да се издржи.
Диетата не секогаш треба да претставува војна со калориите. Можеби не сте знаеле, но малиот број на калории може да го саботира вашиот обид за слабеење. Зошто? Дигестивниот тракт има помалку работа, а сето тоа се одразува на забавување на метаболизмот.
КАКО КАЛОРИИТЕ ГО ЗАБАВУВААТ МЕТАБОЛИЗМОТ?
Преголемиот дефицит на калории го доведува организмот до состојба на изгладнетост. Тогаш организмот ќе започне да складира масти, како резерва за енергија која ќе му биде потребна во периодот на глад. Тогаш сте стасале до фазата позната како: СОСТОЈБА НА МИРУВАЊЕ НА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА.
ДОЗВОЛЕН МИНИМУМ НА КАЛОРИИ!
Според нутриционистите, дневниот внес на калории не смее да биде под 1200 за жени и 1500 за мажи. Значи, дозволено ви е да го намалите бројот на калории, се додека нивната бројка не падне под 1200. Запомнете, недостатокот на висококалорични оброци може да доведе до губење на мускулната маса.
ПОСЛЕДИЦИ ОД ИЗГЛАДНЕТОСТ:
Освен што ќе го саботира режимот, малиот број на калории е крајно штетен за општото здравје. Низок притисок; Аритмија; Камен во бубрег; Опаѓање на косата; Кршливи нокти; Нарушување во менструалниот циклус; Депресија; Вртоглавица; Дебаланс на хормоните; Недостаток од витамини и минерали
ПРИНЦИПОТ НА ЗАМЕНА СЕКОГАШ УСПЕВА!
Наместо да се изгладнувате и на крај да завршите прејадени, пробајте да внесувате здрави калории наместо воопшто да не внесувате. Заситените масти и рафинирани шеќери, заменете ги со растителни влакна, овошје, зеленчук, витамини и менерали. Имајте на ум дека калориите не се вашиот непријател, тие се неопходни за животот на организмот.


















































