koktelce4Рецепти за 3 најпознати коктели во диетална форма
Cosmopolitan, Mojito и Sex on the beach за 4 лица. Начин на подготовка и број на калории.
jablka_na_parcencaЗдравјето во јаболката
Дали ги знаете позитивните дејствија на јаболката?
bebi1За или против анти-беби пилули?
Во Македонија само 1,6% од жените користат анти беби пилули, а во Белгија над 40%.
mrza1_copyШто кога ве мрзи да вежбате?
Има денови  кога само помислата на забрзаното чукање на срцето ве прави уморни.

Како тазе мајките ја губат тежината?

mother_take_hare_for_look

Во просек, жените за време на бременоста се здебелуваат за 10 до 15 килограми.

Зголемувањето на телесната тежина за време на бременоста е неизбежно, но и неопходно. Сепак од исхраната на мајката зависи колку детето ќе се снабдува со потребните хранливи материи, што значи ни на крај памет не смеете да се надевате на некакви ограничувања ви јадењето.

Колку ќе се здебелите додека сте бремени, освен од исхраната зависи и од телесната тежина што претходно сте ја имале како и од индексот на телесна маса. Едно е сигурно, неправилната исхрана предизвикува насобирање на масни наслаги околу стомакот што потешко се симнуваат. Во просек, жените се здебелуваат за 10 до 15 килограми.

Експертите строго советуваат дека жените што пред бременоста имале проблем со тежината, не смеат да дозволат да се здебелат повеќе од 7 килограми додека се бремени.

Ваквите бројки не треба да ве загрижуваат, бидејќи додека да стасате да слабеете вие веќе ќе се ослободите од вишокот килограми. Еве како:

5 килограми жените губат веднаш по породувањето. Значи станувате полесни за 5 килограми поради отсуството на тежината на бебето, што веќе не е во вас, крвта, плацентата и плодовата течност.

2 килограми се губат во првата недела. Вишокот на вода, што отприлика изнесува 2 кг. се губи во текот на првата до третата недела.

0,5 до 1 килограм секој месец губат доилките. Со помош на лактацијата се трошат околу 500 калории дневно, еве уште една добра причина да го доите вашето малечко.

И кога на сето ова ќе се додаде макотрпната работа околу бебето, излегува дека за помалку од еден месец, по породувањето, вие сте изгубиле 10 килограми. Всушност ако во текот на бременоста сте се здебелиле само 10 килограми, вие немате потреба од диета, освен малку спорт за затегнување на попуштениот стомак. Но и тука постојат неколку правила, еве за што станува збор:

  • Драстичното намалување на телесната тежина влијае на квалитетот на млекото, што значи не смеете да губите повеќе од 1 килограм во месецот! Покрупните мајки може да си дозволат и 1,5 килограми месечно.
  • Жените што се породиле нормално, може да почнат со вежбање после месец дена по породувањето. Оние што поминале со царски рез, ќе мора да почекаат да заздрави раната.
  • За да се вратите во форма, најпаметно е да започнете со пешачење. По недела дена можете да вклучите и основни вежби, особено за истегнување на грбот и половината. Пливањето исто така се смета за одлична вежба за во постпородилниот период и јогата бидејќи овозможува зацврстување на попуштените карлични мускули, а со тоа значајно го подобрува сексот.
  • Задолжително доите го детето пред да почнете со вежби, ем нема да ви тежат градите и да ви истече млекото и плус ќе оневозможите млекото да добие киселкав вкус (спортот ја зголемува млечната киселина во млекото).


 
Unique-avgust

Error: Any articles to show

11-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)