
Ретко која жена е задоволна од своето тело. Тоа не значи дека нема самодоверба, но секогаш постои нешто кое радо би го сменила.
Според конструкцијата жените можеме да ги поделиме во две групи:
Група бр. 1- "јаболка" ( стомак и гради).
Стомак- жените генетски се посклони на здебелување кај стомакот. Дури и да јадат помалку од мажите пак се помрсни во овој дел. Виновник за тоа е шеќерот и естрогенот кој ги активира ензимите кои ги наталожуваат мрсните состојки. Решение за вас е да внесувате шеќер на здрав начин, наутро преку свежо и зрнесто овошје и семки. Исто така и газираните сокови го покачуваат нивото на шеќер во крвта. Избегнувајте ги!
Гради- доколку ткивото на градите ви изгледа како да имате целулит, причината се блокираните бели дробови со отрови. Блокадата настанува како резултат на големи дози на алкохол и цигари. Откажете се од овие пороци.
Група бр. 2- "круши" ( колкови, бутини и задник)
Вишок на маснотии во овие делови се создава од премногу седење. Ако вашата работа е седечка тогаш го блокирате лимфниот систем и може да ви се јави ваков проблем. Залудна ви е здравата исхрана и редовната посета на салата, ако постојано сте во депресија. Лошата ментална состојба влијае на таложење мрсно ткиво во овие делови.
Постојат повеќе решенија кои можете да ги пробате. Пример на работа можете да си носите од ручекот дома, наместо да јадете брза храна. За време на паузата прошетајте се. За да се ослободите од стресот одете во шопинг со другарките. Повремено масирајте се на бутините и задникот за да ја забрзате циркулацијата, да го активирате лимфниот систем и да се ослободите од токсините. Во разредувањето на целулитот помага и водата. Пијте барем еден литар дневно.


















































