
Медот во комбинација со овошјето и млечните производи делува лаксативно.
Диететското мени обично содржи намирници од кои буквално ќе ви се згади и веќе никогаш нема да сакате да ги пробате. Секое утро варено јајце, за ручек некоја невкусна манџа и аман од тој јогурт. Доколку навистина сакате нешто поинакво, пробајте со слатката диета која гарантира губење на 3 килограми за само 5 дена.
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДИЕТАТА
Слатката диета или диетата со мед, спаѓа во категоријата флеш диети или диети што се практикуваат за кус временски период. Значи оваа диета се држи од 3 до 5 дена.
Ваквиот режим на исхрана најчесто се практикува со цел организмот да се прочисти од наталожените токсини, желудникот да се одмори од тешката и мрсна храна и да се поттикне метаболизмот - нешто слично на детоксикацијата што ја правиме на пролет или по големите празници кога се јаде многу храна.
ШТО ЌЕ ЈАДЕТЕ И КАКО ЌЕ ОСЛАБЕТЕ?
Диетата главно се базира на млечни производи и овошје, едноставни продукти што лесно се разградуваат. Со оглед на тоа што се внесува голем процент на вода и калциум, доаѓа до директно забрзување на метаболизмот. Медот во комбинација со овошјето и млечните производи делува лаксативно, а во ниту еден момент нема да почувствувате недостаток на енергија. Освен водата, дозволено е консумирање на чаеви за потполно прочистување на организмот.
ПОЗИТИВНИ ЕФЕКТИ ОД ДИЕТАТА
Сигурно веќе ви стана јасно дека оваа диета не е наменете само за оние со вишок килограми, таа е одлична и за луѓето што сакаат да внесат малку рамнотежа во начинот на исхрана. Преку неа се овозможува внесување на пожелното количество на белковини, масти и јаглеродни хидрати. Освен вие, во гозбата ќе ужива и вашата кожа бидејќи новиот сјајот е неизбежен.
ДИЕТА НА СРЕЌАТА - обично диетите не фрлаат во депресија, но овде депресијата не случај. Внесените природни шеќери ќе произведат серотонин, хормонот на среќата, а вие ќе бидете апсолутно расположени.
МЕНИ ЗА СЛАТКАТА ДИЕТА
(недела дена пред да почнете ја држите диетата, постепено почнете да ја намалувате количината на оброците.)
Појадок - исцедете неколку портокали, додајте една лажица јаболков оцет и мед. Ваквиот природен енергетски пијалак консумирајте го на празен желудник. За да не се заситите од ваквиот оброк, можете да го замените со овошно фрапе од 200 грама јагоди, 100 грама банани, еден јогурт и лажичка мед.
Ручек - овошна салата (забранета ви е само бананата) и какао сир направен од 200 грама кравјо несолено сирење, 100 грама јогурт, лажичка какао и лажичка мед.
Попладневна ужина - излупете еден свеж портокал, еден безмастен јогурт, зачинете со малку цимет и лажичка мед.
Вечера - можете да избирате помеѓу две истолчени банани со лажичка мед или 200 грама кравјо несолено сирење со 100 грама јогурт, една лажица суви кајсии и мед.
За слатка ноќ - за мирен и сладок сон, почестете се со топло млеко со мед.
(4)
:)
КОМЕНТАР
Слични текстови
- 06/03/2010 - Како тазе мајките ја губат тежината?
- 18/02/2010 - И калориите го забрзуваат метаболизмот!
- 04/02/2010 - Безглутенска диета
- 22/01/2010 - Диета за забрзување на метаболизмот
- 04/01/2010 - Буџетска диета
- 24/12/2009 - Празнични продукти – шок за тежината!
- 18/12/2009 - Како до витка става до Нова година
- 11/12/2009 - Празниците не мора да ве направат потешка
- 04/12/2009 - Диета за подмладување
- 27/11/2009 - Пуканки и „кока-кола“= 3 хамбургери

























