
Премалото количество храна, а тука се подразбираат и калориите, имаат контра ефект врз слабеењето.
Во никој случај не може да биде здраво да изгубите 4 килограми за 7 дена. Диетите можеби ветуваат чуда и да ќе се чувствувате полесни уште првиот ден, но тоа не е решение. Ниту еден човек не може да поднесе таков режим на исхрана, постојано. Тоа се привремени решенија што само го влошуваат проблемот со тежината, бидејќи секогаш килограмите се враќаат назад. Незадоволните пак, уште толку се здебелуваат бидејќи за утеха повторно ќе и се вратат на храната.
ДИЕТАТА НА БАЗА НА ЕДНА НАМИРНИЦА
(диета со супа од зелка, диета со месо, диета со грејпфрут...)
Со оваа диета организмот не ги добива сите потребни хранливи материи. По престанот на диетата, организмот несомнено ќе сака да го надомести создадениот недостаток. Има и случаи каде се појавуваат и боли во желудникот поради истите киселини.
ДИЕТА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ
Производите за чистење на организмот како чаевите, билките и водата се потполно непотребни бидејќи организмот има свој природен механизам преку кој се исфрлаат токсините. Инаку што ќе станеше од нас ако сами треба да ја правиме детоксикацијата.
ЧУДЕСНИТЕ ДОДАТОЦИ ЗА СОГОРУВАЊЕ НА КАЛОРИИТЕ
Јаболковиот оцет, јаворовиот сируп, апчињата на база на јаболко, специјализираните мастики и сличните ензими за кои се тврди дека ги согоруваат калориите, немаат никакво влијание врз намалувањето на телесната тежина. Производи со таква функција едноставно не постојат. Тие само го зголемуваат ризикот за чир на желудник.
НИСКОКАЛОРИЧНА ИСХРАНА
Премалото количество храна, а тука се подразбираат и калориите, имаат контра ефект врз слабеењето. Освен што се забавува метаболизмот, организмот почнува да создава резерви за црните денови. Во моментот кога вие ќе продолжите со нормалната исхрана, тие резерви ќе станат вишок.
НЕРЕАЛНА ДИЕТА
Диетите што премногу ветуваат на пример, јадете хамбургери и слабејте...се само маркетинг трик за да ги читате и купувате книгите на авторите.
ФАКТОТ ОСТАНУВА НЕПРОМЕНЛИВ...
За губењето на тежината постои еден факт - не може да слабеете доколку не вежбате, доколку не јадете мноооогу овошје и зеленчук и доколку поставите невозможни правила од типот: не каснувам ниту една коцка чоколадо.
.gif)






















.gif)























