
Кај некои луѓе, постот делува како вистинско освежување за организмот.
Постот подразбира воздржување од масната храна, но ако зборуваме за вистински христијански пост како актуелниот за Велигден, тогаш треба да заборавите на лошите мисли и дела. Оваа недела постот е најстрог, не е дозволено ниту маслото, додека во петок се препорачува целосно лишување од храна.
Постењето е вистински подвиг за секој верник бидејќи тоа значи приближување кон Бога, но се поголем е бројот на луѓето што постат со цел да ослабат. Тука се наметна прашањето, колку може да се ослаби со постење?
Речиси половина од луѓето што почнале да постат со цел да ослабат, се соочиле со контра ефект. Наместо во минус отишле во плус со килограмите.
Не смеете да јадете месо, уште ако го исфрлите и маслото тогаш ви останува да јадете само леб, зеленчук и овошје. Јас бев мртва гладна и јадев само леб, постојано варев макарони и купував кифли или тост со компири и растителен кашкавал, се поправив 5 килограми.
Лилјана 33 години
Но, кај некои постот делувал како вистинско освежување за организмот. Поради фактот што не внесувате масна храна, а количеството на свежо овошје и зеленчук се зголемува, тогаш вие сте направиле вистинска детоксикација на организмот. Единствено што треба да пазите е да не претерате со тестенините.
Мојот ритуал за време на постот е следниот:
За појадок овошје или свеж цеден сок од овошје. Може и овошна салата со мед, бадеми, ореви и суво грозје или брусница. Ова е навистина исклучителен енергетски појадок. Ако навистина сте гладни, во сад измешајте житарици, суво овошје, мед и полијте ги со млеко од соја или оризово млеко. Добро е тоа што денес во маркетите има навистина голем избор на суво овошје, манго, ананас, папаја...одлични се за грицкање во текот на денот.
Изборот за ручек е навистина голем...од посно гравче па се до посен ориз со печурки и зеленчук. Разни салати, барен зеленчук, а како награда може и похован. Рибата можете да јадете во разни варијанти, но ако сакате да ослабете или варете ја или печете ја со многу лук и моркови. Можете да си дозволите и вегетаријанска пица или печени компири, но само еднаш во неделата.
За вечера јас јадев само пуканки. Благодарение на постот (го почитувам од самиот почеток), до сега сум ослабена 7 килограми.
Бојана 28 години
Секој организам е различен, ако за некого зголеменото количество леб и тестенини веднаш се лепи, кај друг не прави разлика. Нашиот совет е да практикувате да јадете разновидна исхрана и за време на постењето. Изборот е ограничен, но не е намален. Не си правите услуга ако се закачите за еден производ. Ако забележите дека се здебелувате, намалете го лебот, а во моментите на криза јадете суво овошје или бадеми, ореви, лешници. Денес има и посно чоколадо, дозволете си два реда.
.gif)






















.gif)























